Македонија
Вероучителите барат враќање на предметот во училиштата
Вероучители од исламска и православна вероисповест, денеска протестираа пред зградата на Уставниот суд, против укинувањето на веронауката во основните училишта
Околу илјада вероучители и граѓани се собраа пред згарадата на Уставниот суд во Скопје на мирен протест, против одлуката на судот за укинување на веронауката како предмет во основните училишта. Одлуката на Уставниот суд ги обедини припадниците на различни религии во земјава, во едно единствено барање за враќање на веронауката во училиштата.Граѓаните носеа пароли и транспаренти со кои му порачува на судот “Да им ја врати верата“, “Бог е еден“, а на дел од нив пишуваше “Ни ја укинаа верата“. “Со право денеска протестираме пред овој суд, за да го изразиме нашиот револт, истовремено и револтот на учениците и нивните родители, кои многу добро и радосно го прифатија овој предмет. Изненадени сме како во едно демократско општество, каде и верата е составен дел на општеството се уште имаме судии и судови, кои нивните одлуки ги донеуваат со стереотипи од комунистичкиот режим“, вели Хајдин Селиу, вероучител од исламска вероисповест.Според него, Утавниот суд, во врска со веронауката во основното образовани, треба да ги има прадвид искуството и практиката на европските држави, кои многу порано од нас го имаат решено ова прашање. Според него, со вакви одлуки на Уставниот суд, како намерно да сака Македонија да ја оддалечи од европските интеграции. Граѓаните и вероучителите велат дека веруваат во Бога и се надеваат дека одлуката на судот ќе биде повлечена. Наставниците по веронаука велат дека на учениците кои го учеле тој предмет седум месеци, сега треба да им објаснуваат зошто им е укинат. На часовите по веронаука се учи за основите на религијата, за симболите, за почитување на блиските свои, велат учителите. Протестот, според најавите, треба да продолжи по скопските улици, со цел да се повикаат граѓаните да им се придружат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

