Македонија
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев

Свечено во црквата Св. Спас во Скопје денеска беа одбележани 138 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
Во рамките на одбележувањето, во организација на Меѓународната манифестација Гоцеви денови, Полошко-кумановскиот Митрополит г. Кирил одржа литургија на неговиот гроб во црквата Св. Спас.На панихидата пред гробот на Делчев, митрополитот на Кумановско-полошката епархија Кирил рече дека векот што го векуваме и светот што го светуваме е заслуга на вечниот Гоце Делчев.За големината на неговото име и неговите дела говореше проф. Наташа Котлар.„Секој од нас може да биде како него, ако не Делчев барем слично на него. Доволно е само како него да се презрее сето лично богатство во полза на татковината и да се напои душата со неговите човечки и општествени добродејствија“, рече проф. Котлар.Таа потенцираше дека неговата порака Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите, рече дека секогаш ќе остане актуелна за интелектуалното зреење, но и општо делување и комуницирање, додавајќи дека почитта кон Делчев ќе биде вечна.Пред саркофагот на Делчев свежо цвеќе положија Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, делегација од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, министерот за одбрана Зоран Коњановски, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, првиот претседател на самостојна Република Македонија Киро Глигоров и претставници на Собранието, на општини, здруженија и институции.Револуционерот Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, а загина на 4 мај 1903 во село Баница, Серско. Организатор е на македонското револуционерно ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20. век, учител, војвода и најзначаен раководител на ВМРО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гази Баба започна акција за обележување пешачки премини

Општина Гази Баба започна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.
Вчеравечер, екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ извршија обележување на пешачките патеки во населбата Железара, како дел од поширока акција за системско одржување и обнова на хоризонталната сигнализација.
„Пешачките премини имаат суштинско значење во сообраќајната безбедност, особено во урбаните средини каде што е зголемен интензитетот на сообраќај. Тие претставуваат клучен елемент во заштитата на пешаците, особено на децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. Обновената и јасно видлива сигнализација значително придонесува за зголемена безбедност и поефикасно функционирање на сообраќајниот систем.
Денес активностите продолжуваат во населбата Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината“, соопшти Општината.
На терен, заедно со екипите до доцна во ноќта, беа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и директорот на ЈКП „Гази Баба“, кои лично го следеа спроведувањето на акцијата и ги поддржаа теренските тимови.
Македонија
(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор, а од нив во овој момент два се најсериозни.
„Најтешкоот е пожарот во Јасен, но и кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак. Гори на еден рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите успеавме да ги спасиме, тие се функционални, но пожарот се уште е активен. Овде дејствува еден полициски хеликоптер“, изјави Ангелов.
„Верувам дека овој пожар денеска ќе биде ставен под целосна контрола“, додаде Ангелов.
Македонија
ССНМ го осудува и бара онлајн малтретирањето на новинарката Мирослава Симоновска веднаш да престане

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски го осудува повторувачкото онлајн малтретирање од страна на Зоран Божиновски кој на 14.08.2025 година, ја фотографирал новинарката на Слободен печат Мирослава Симоновска додека седи на јавно место со две обвинителки“, велат од ССНМ.
„Притоа на социјалните мрежи, на крајно недоличен и вулгарен начин истото лице ја клевети Симоновска дека „се пазарела со обвинителките“, а медиумот „Слободен печат“ го нарекува „подземно, милицајско-таблоидна новина“.
ССНМ смета дека станува збор за онлајн малтретирање, кое не е прво и кое што почна претходните неколку денови, по објавен напис на „Слободен печат“ кој потоа беше објавен и на Телма ТВ, а кој воопшто не е авторско дело на Мирослава Симоновска, но во објавите на Божиновски е напаѓана и деградирана, лажно посочувана како авторка на текстот, нарекувана кообвинителка, рекетарка, заедно со медиумот и со обвинителка во предметот.
Сметаме дека тенденцијата да се фотографираат новинари е со цел да се конструира лажен наратив во јавноста, да се предизвика чувство на нелагодност, демнење, сето тоа проследено со невистинити конструкции да се влијае врз нивната работа.
Потсетуваме дека Мирослава Симоновска беше следена и снимана на ист ваков начин во ноември 2024 година од непознато лице додека седи на маса со ќерката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, по што снимките му беа дадени на тогашниот шеф на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи од страна на лица задолжени за нејзино следење, за што во ОЈО Скопје има кривична пријава против НН службено лице за неовластено снимање поднесена од Симоновска. ОЈО Скопје го нема расчистено настанот, односно нема откриено кој е тој што неовластено ја снимал и следел Симоновска, иако снимањето се случи во истото кафуле на градскиот Кеј, каде има многу камери. ССНМ бара итно и безусловно решавање на овој предмет и секое пролонгирање ќе го толкува како обид за заплашување на новинарите и дополнителен притисок врз нив, и нивната работа“, се наведува во соопштението на ССНМ.