Македонија
Вардар порибен со 5.000 пастрмки
Започна порибувањето на Вардар со нови 5.000 парчиња македонска ендемска пастрмка како дел од проектот за заштита и обновување на рибниот фонд во водите на Градот Скопје.
Започна порибувањето на Вардар со нови 5.000 парчиња македонска ендемска пастрмка како дел од проектот за заштита и обновување на рибниот фонд во водите на Градот Скопје.
На порибувањето присуствуваше и Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој смета дека ова порибување ќе го зголеми фондот на риби во Вардар, особено на македонската пастрмка.
„Се надеваме дека до крајот на годината, заедно со Глобалниот фонд за заштита на животната средина (ГЕФ), кои обезбедија половина од средствата за порибувањето, ќе се достигне до бројка од 100.000 парчиња ендемска пастрмка која треба да се пушти во реката Вардар,“ истакна Трајановски и додаде дека од порибувањето на Матка кое се случи минатата година веќе се гледаат резултатите и во реката Вардар се лови пастрмката.
Според Одделението за рибарство во Институтот за сточарство, ситуацијата и квалитетот на водата дозволуваат Вардар да биде порибуван со пастрмка, бидејќи освен анализите и праксата со последното пуштање од минатата година во реката Треска, покажува дека подмладокот на пастрмката е веќе во реката Вардар.
Од Градот Скопје, кои во овој проект учествуваат со 200.000 денари, најавија дека ќе се погрижат да обезбедат заштита од евентуалните несовесни риболовци кои би можеле да ги фаќаат новите риби./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

