Македонија
Индустриското производство во мај намалено за над 15 отсто

Драстичен пад на индустриското производство е регистриран во мај, кога во споредба со истиот месец лани е забележано намалување од 15,3 отсто
Драстичен пад на индустриското производство е регистриран во мај, кога во споредба со истиот месец лани е забележано намалување од 15,3 отсто.
Ова денеска го објави Државниот завод за статистика, наведувајќи дека индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2009 година, во однос истиот период лани бележи намалување од 11,1 отсто.
Најголем пад од 16,7 отсто е забележан во првиот месец од годината, по што во следните три месеци следело намалување на падот и тој се движел меѓу 4,8-7,7 отсто.
Индустриското производство во мај 2009 година, кое во споредба со ланската година е намалено за 15,3 отсто, потполно се изедначи со просечното производство во 2005 година. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди – дека зад договорот за паркингот на Клиничкиот центар стои криминален интерес и дека Владата не се грижи за пациентите.
Според нив, министерот за здравство ја оправдува зголемената цена на паркингот со споредба со цените во трговските центри, што СДСМ го смета за срамно и скандалозно.
„Министерот Таравари ја правда зголемената цена на паркингот, споредувајќи ја со цените во трговските центри. Ова е скандалозно и срамно. Граѓаните ќе плаќаат 50 денари на час за да одат на лекар, наместо 30 како досега. Пациентите немаат избор, тие мораат да дојдат во Клиничкиот центар и владата ги уценува со високи цени”, изјавија од СДСМ, обвинувајќи го министерот за здравство за неодговорност кон здравјето на граѓаните, особено оние кои се соочуваат со сериозни болести.
Дополнително, во изјавата на Таравари се потврдува дека други компании се воздржале од учество во тендерот за паркингот, бидејќи се сомневаат во иднината на Клиничкиот центар.
„Можеби Клиничкиот центар нема да остане тука повеќе од седум, осум, десет години“, изјави Таравари, што според СДСМ целосно ја разобличува неспособноста и хаосот во Владата.
„Само пред еден месец, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека изградбата на нов Клинички центар е стопирана поради демографски причини. Па што е вистината?“, се прашуваат од СДСМ, поставувајќи прашања за контрадикциите во изјавите на владини претставници.
Во исто време, СДСМ го критикува министерот Таравари за тоа што Владата на Мицкоски предвидела смешно ниска провизија за државата – само 1% од годишните приходи на паркингот.
„Министерот Таравари потврди дека Владата на Мицкоски предвидела смешно ниска провизија за државата – само 1% од годишните приходи на паркингот. Ова значи дека паркингот буквално се подарува на приватна фирма!“, велат од СДСМ, додавајќи дека ова значи дозволување огромен профит на сметка на пациентите и граѓаните.
СДСМ најостро ја осудува криминалната зделка за паркингот во Клиничкиот центар, која е директно на штета на граѓаните. Според нив, ова покажува дека Владата на Мицкоски нема никаква грижа за здравствениот систем и пациентите, туку работи единствено за приватни интереси. Додека јавните здравствени установи тонат во долгови и недостиг на ресурси, Владата буквално го распродава државниот имот за безвредни трошки.
Македонија
8-ми Март – Симболот на борбата за рамноправност на жените

Меѓународниот ден на жената, кој се слави секоја година на 8 март, има долга и значајна историја. Почетоците на овој ден се вратат во 1910 година, кога Втората конференција на жените социјалисти во Копенхаген го прогласи 8-ми март за Ден на жената. Денот беше инициран од германската револуционерка Клара Цеткин и има за цел да ја одбележи борбата на жените за еднакви права и подобри услови за живот.
Првите протестни демонстрации се одржале уште во 1857 година, кога жени вработени во текстилната индустрија во Њујорк се побуниле против лошите работни услови и ниските плати. Ова беше само првото од многуте движења кои ќе следат во текот на 20-тиот век, и кои ќе имаат огромен импакт врз жените низ светот.
По 1910 година, 8-ми март започнал да се слави низ Европа, особено во земјите како Австрија, Германија, Швајцарија и Данска, каде што се организирале демонстрации и маршеви за еднаквост на жените. Во 1911 година, само во Австро-Унгарија, се одржале 300 демонстрации, а жените на улиците барале правото на глас и еднакви услови за работа. Протестите станале глобални и продолжиле низ децениите, а со нив и позитивните промени во правата на жените.
Од 1975 година, кога Обединетите нации го прогласија Меѓународниот ден на жената, многу земји почнале официјално да го слават, воведувајќи значајни реформи како што се породилното отсуство, еднаква плата за еднаква работа и демократски избирачки права. Меѓутоа, од 20-тиот век, празникот почнал да губи некои од своите основни идеи и во некои делови на светот се претвора во ден за подароци, сличен на Денот на мајката или Денот на вљубените.
Денес, иако многу луѓе го слават денот со поклони и честитки, важно е да се потсетиме на почетоците на Меѓународниот ден на жената и да продолжиме да ја славиме борбата за еднаквост и правата на жените низ целиот свет.
Македонија
Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 23 степени.
Во Скопје, денот ќе биде сончев и топол, со минимална температура од 0 и максимална до 23 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлиот период ќе продолжи и во наредните денови, што е невообичаено за овој дел од годината. Меѓутоа, од средината на работната седмица се очекува промена – локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен јужен ветер.