Македонија
Судскиот совет ќе разрешува тројца судии, ќе бира четири претседатели
Денеска Судскиот Совет на Република Македонија ке донесува одлука за разрешување на тројца судии. Се работи за судии од Основите судови во Велес, Дебар и Штип.
Денеска Судскиот Совет на Република Македонија ке донесува одлука за разрешување на тројца судии. Се работи за судии од Основите судови во Велес, Дебар и Штип. Советот ке одлучува по одлуки за поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција.На истата седница ке биде донесена одлука за избор на претседатели на судовите во Кратово, Охрид и Струга како и на Апелациониот суд во Гостивар. По завршувањето на точките за избори и разрешувања следува расправа по поплаките и претставките од граѓани и правни лица за работата на судиите и судовите. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонец под дејство на алкохол предизвика собраќајка во Вараждин
Синоќа нешто по 23 часот се случила сообраќајна незгода со материјална штета во Вараждин. Сообраќајката ја предизвикал 32-годишен македонец, кој управувал лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили.
Возачот се движел по улицата „Браќе Крајански“ и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.
Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница.
Во несреќата нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.
Македонија-Унгарија, заврши реми, 27-27.
Македонија
Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено, да пазаруваат како обичните граѓани ќе видеа дека се намалија цените на над 1000 производи, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Елитата на СДС која не е прибрана во државата од шетања низ ексклузивни дестинации, глуми загриженост за македонските граѓани. Тие во маркет немаат стапнато, пошто целото нивно раководство живее на висока нога. Почнувајќи од нивниот претседател, Венко Филипче кој вози скапи автомобили и постојано летува за Дубаи, па се до неговата заменичка, Фани Каранфилова Пановска на која што месечните хонорари во невладината Сорос и се движеле по неколку илјади евра“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДС да влегуваа и пазаруваат по маркети и продавници, ќе видеа дека над 1000 производи беа со намалени цени, и во континуитет се преземаат мерки за намалување на цените.
Инфлацијата во континуитет се намалува, споредено со периодот на владеење на СДС кога истата беше двоцифрена.
Според официјалните податоци, инфлацијата и скапотијата пред неколку години беше двоцифрена, за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година кога исто така СДС беше на власт, забележан беше раст од 9.4%, а индексот на цените на беше 7.0%.
Потсетуваме дека, исто така, СДС се тие кои што го зголемија и ДДВ на прехранбените производи што директно доведе до зголемување на цените на прехранбените производи.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки кои што уште минатата година ја стабилизираше економијата и после ваквото стабилизирање годинава следи нејзино заживување, кое што ќе доведе до одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Исто така, според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со намера за друг да прибави противправна имотна корист присвоил пари доверени во службата. По претходна одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие за ангажирање невработени лица за вршење јавни работи за потребите на Општина Гази Баба, обвинетиот склучил договори со седум лица. Договорите биле заведени под ист деловоден број и имале потпис само од обвинетиот. Притоа, иако за нив водел евидентни листови кои обвинетиот лично ги потпишувал, наводно ангажираните привремени работници не работеле во ЈКП „Гази Баба – 2007“, а на одредени датуми за кои примале хонорар всушност се наоѓале надвор од границите на државата. За тоа време тие биле уредно водени дека ги извршуваат ангажманите за кои склучиле договори и им се исплаќал паричен надоместок, кој во вкупен износ за сите седум лица достигнал 880.516 денари.
Имајќи ја предвид пред се сериозноста и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, запретената казна и останатите прилики, надлежниот јавен обвинител до Судот заедно со обвинението достави и посебен предлог со кој побара спрема обвинетиот да бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице и привремено одземање на патната исправа.