Свет
Назарбаев смета дека неговата огромна победа е сензација на Запад
Актуелниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, кој според прелиминарните податоци на изборната комисија, на претседателските избори на 3 –ти април осовил 95,5 отсто од гласовите, мсета дека овој резултат рпетставува сензација за Западот
„Повеќе од 90 отсто гласови за кандидат, односно за мене – тоа претставува сензација за западните општества“, изјави Назарбаев, говорејќи во Астана на форумот на неговите поддржувачи – „Напред, заедно со лидерот!“. Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев рече дека на изборите било демонстрирано единството на народот на Казахстан. „Ако претседателските избори обично ги делат земјите на разни партиски блокови – ние бевме обединети. Ако во светот се случуваат крвопролевања, етнички судири – ние сме единствени: сите националности, народности, сите религии во Казахстан. Некаде има намалување на работните места, ние градиме фабрики, даваме нови работни места. Некаде денес ги намалуваат пензиите, а ние ги зголемуваме“, изјави претседателот на Казахстан. „Мандатот кој ни го даде вчера народот, ние ќе го исползуваме за заедничка натамошна работа“, рече Назарбаев. Тој ги уверува своите сонародници дека со сите негови сили, искуство и идеи „ќе биде посветен на служење на народот на Казахстан – така секогаш беше и секогаш ќе биде“. „Во годината на одбележувањето на нашата 20-годишнина, казахстанскиот народ му покажа на светот уште еднаш дека ние сме растечка млада држава, почитуван член на светската заедница. Ние му покажавме на целиот свет … ние сме демократски Казахстан“, заклучи Назарбаев.Со предвремените претседателски избори, Назарбаев си обезбеди уште пет години на чело на Казахстан средноазиската држава богата со нафта и гас. Државата со 16.4 милиони жители за разлика од соседите е мирна.Како што пренесува Reuters, Назарбаев во понеделничкото обраќање на во седиштето на неговата партија Нур Отан, додал дека изборната победа ја сфаќа како дозвола од народот да ги продолжи економските, политичките и општествените реформи.Стабилност инаку беше главното мото на 70-годишниот Нурсултан Назарбаев во неговите 20 години власт. Во изминатите децении, токму на стабилноста тој успеа да привлече 120 милијарди странски инвестиции во Казахстан, но сепак и неорганизираната опозиција и честопати во странство го прозиваат за недемократско практикување на власта. Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕСЦЕ) со којашто минатата година претседаваше Казахстан на изборите имаше ангажирано повеќе од 300 набљудувачи кои изразија загриженост поради нетранспарентноста и медиумската . Назарбаев имаше тројца противкандидати исто така од редот на владејачката партија, од кои еден во неделата признал дека гласал за актуелниот претседател. Опозицијата се реши да ги бојкотира изборите оценувајќи дека немала доволно време да се подготви и ги нарече изборна фарса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина
Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската Унија и НАТО“, рече германскиот лидер по телефонскиот разговор со неговите украински, француски, британски и полски колеги.
Мултилатералната средба се одржа додека Мерц беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, а францускиот претседател Емануел Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Двајцата претходно разговараа со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и украинскиот преговарач Рустем Умеров, соопшти Елисејската палата.
Туск: Едногласни сме
„Во Украина, единството на Европа е исто така во прашање“, рече Мерц, додавајќи дека големите европски земји, вклучувајќи ги Полска и Германија, имаат „посебна одговорност да обезбедат дека ништо и никој не ја дели Европа“.
Според симултаниот германски превод, Доналд Туск рече дека Европејците се „едногласни“ по ова прашање и се „целосно посветени на продолжување на целосната поддршка на Украина во нејзината одбрана во војната против Русија“.
Европа
Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии
Европските лидери во понеделник му дадоа поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски по американско-украинските разговори за мировниот предлог кој првично беше во корист на Русија, додека претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп се упати кон Москва на разговори во Кремљ.
Зеленски беше топло пречекан во Париз од францускиот претседател Емануел Макрон, а двајцата им се придружија на десетина европски лидери, меѓу кои и од Велика Британија, Италија, Полска и Европската Унија, во телефонски разговор.
France’s support holds special significance for Ukraine, and I am grateful to President @EmmanuelMacron and his team for their attention to our people and their willingness to help.
Our engagement today was substantive and important – above all, focused on the steps that bring a… pic.twitter.com/aL3mcUokAO
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 1, 2025
„Војната мора да заврши што е можно поскоро. Сега многу зависи од вклученоста на секој лидер“, напиша Зеленски на Икс.
Макрон објави фотографија со украинскиот лидер пред почесната гарда во Елисејската палата.
Le travail pour la paix se poursuit.
The work for peace continues.
🇺🇦🇫🇷 pic.twitter.com/31OgcnrO2s— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 1, 2025
По средбата со Макрон, Зеленски изјави дека приоритетите на Украина во мировните преговори се одржување на суверенитетот и обезбедување силни безбедносни гаранции.
Тој, исто така, ги повика сојузниците на Киев да спречат Русија да биде наградена за војната што ја започна. Тој истакна дека територијалните прашања претставуваат најголем предизвик во преговорите.
Украинскиот лидер, исто така, изјави дека се надева дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп откако специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе ја посети Русија.
Францускиот претседател нагласи дека само Украина може да одлучува за своите територии во мировните преговори. Тој додаде дека Русија не покажува знаци дека ќе ја запре својата агресија.
Мировниот план меѓу Русија и Украина, рече тој, може да се финализира само со учество на Киев и европските партнери.
„За прашањата за замрзнатите средства, безбедносните гаранции, пристапувањето кон Европската унија и европските санкции, (овој план) може да се финализира само со Европејците на маса. Значи, сè уште сме во прелиминарна фаза“, рече Макрон.
Свет
Папата Лав пречекан од христијаните и муслиманите во Либан: „Папата е за сите луѓе“
Папата Лав XIV денес упати силен апел за меѓуверски дијалог во Либан, велејќи дека земјата е пример за коегзистенција меѓу различни вери. Либан, опустошен од војна и криза, покажува дека „христијаните, муслиманите, друзите и безброј други можат да живеат заедно и да изградат земја обединета со почит и дијалог“, рече поглаварот на Католичката црква.
„Во време кога коегзистенцијата може да изгледа како далечен сон, народот на Либан стои како моќен потсетник дека стравот, недовербата и предрасудите немаат последен збор и дека единството, помирувањето и мирот се можни“, рече папата. Во овој контекст, Лав XIV ги повика Либанците да водат со пример и да бидат „градители на мирот за да се соочат со нетолеранцијата, да го надминат насилството и да го елиминираат исклучувањето“.
Папата зборуваше заедно со претставници на различни вери на Плоштадот на мачениците во Бејрут. Либан е дом на различни верски заедници, вклучувајќи муслимани, сунити и шиити, христијани и друзи.
Земјата моментално ја доживува најлошата економска криза во својата историја, при што околу 60 проценти од населението живее во сиромаштија. Напнатата безбедносна ситуација по најновата војна меѓу Израел и милитантите на Хезболах, поддржани од Иран, дополнително ги влоши проблемите на граѓаните.
Муслиманските и христијанските верници го пречекаа папата во центарот на Бејрут, во услови на силно безбедносно присуство. „Јас сум муслиман, но папата е за сите луѓе и ние, во оваа земја, сакаме единство и молитва“, рече верникот Сами Кабани.

