Македонија
Електронските рецепти се одложуваат за од 1 август
Системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ односно електронските рецепти се одложуваат за на 1 август, поради проблемите и недостатоците со кои се соочија во понеделник и граѓаните и лекарите и аптекарите.
„Денешниот ден ќе го сметаме како пилот фаза од која ќе се исцрпат сите проблеми коишто треба да ги решиме. Од утре работата ќе продолжи, како и до вчера, односно на тест основа, а повторно системот ќе се стави во продукција на 01. август, до кога сите недостатоци треба да бидат отстранети“ соопштуваат од Министерството за здравство.
Во понеделник обичните хартиени здравствени рецепти беа заменети со електронски, или рецепти на кои покрај името на лекот постои и код под кој во аптека истите ќе бидат издавани. Но се појавија проблеми во системот, па некои лекови препишани на електронски рецепти не било можно да се подигнат од аптеките
„Во текот на денешниот ден се забележани неколку маргинални проблеми со истиот, и за истите би сакале да им се извиниме на сите оние кои поради овие недостатоци имале непријатности во реализацијата на нивните потреби и истите ги реализирале со потешкотии или не успеале воопшто“ велат од Министерството.
Според нив, ова е прв и единствен засега ваков огромен систем, кој се имплементирал во кој било здравствен систем воопшто.
„Денеска имавме максимален број на реализирани разменети податоци, над 1.500.000 податоци што претставува убедливо најголем број разменети податоци во единствен систем во историјата на Република Макодонија. Проблемите коишто беа детектирани најмногу се должат на неусогласеноста и неоптимизираноста на програмските пакети коишто ги користат лекарите од примарна здравствена заштита со софтверот на Министерството. Поради ова, денеска во 18 часот е свикан итен состанок со сите програмерски куќи со цел надминување на овие проблеми. Сакаме да потенцираме дека за време на тест периодот до денешниот ден системот функционираше беспрекорно, но за да можеме да ја имаме вистинската слика за потребите и успешноста на системот, мораше во реално време да се имплементира, при што целиот здравствен систем мораше да го користи истовремено“ соопштуваат од Министерството./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

