Свет
Студент во затвор за ширење на терористички публикации на интернет
NULL
Студент по право Мохамед Ѓул во Велика Британија е осуден на пет години затвор заради објавувањето на екстремистички исламски материјал, вклучувајќи и снимки од нападите врз коалициските сили во Авганистан на Интернет.
Според шефот на полициска служба за борба против тероризмот студентот екстремистички видеа ги споделувал на видео-сајтот YouTube во периодот од март 2008 до февруари 2009 година.
Користејќи сметки наречен “marinetargetcorp”, “marinetargetinc”, “35marines” и “marinetargetboy”, Ѓул ставал видеа во кои биле вклучени напади врз коалиционите сили во Авганистан и Ирак, видеа за изработка на бомби на импровизирани експлозивни направи (IEDs), терористичките кампови за обука и снимки од 9 / 11 нападите во Њујорк. Ѓул пред судот се бранел дека не го поддржува тероризмот, туку пуштал видеа од љубопитност.
Тој бил прогласен за виновен од пет точки од обвинението за ширење на терористички публикации. Бил уапсен во неговиот дом на 10 февруари 2009 година. Полицијата исто така открила голема количина на други екстремистички материјали вклучувајќи снимки на егзекуции и мачења. ./крај/.cnn/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

