Македонија
Инспектори проверувале дали претседателот на „Достоинство“ бил навистина болен

Инспектори од организиран криминал при МВР, упаднале во ординацијата на матичниот лекар на претседателот на здружението на „Достоинство“, Стојанче Ангелов и проверувале дали навистина е болен, тврди Ангелов. Од МВР пак велат дека деновиве добиле повеќе пријави за злоупотреби при издавање на лажни боледувања и дека сите случаи ќе бидат истражени.
„Инспектори од одделението за организиран криминал од МВР барале докази за наводно мое лажно боледување. Проверувале дали јас сум болен. Овие инспектори отишле кај мојот матичен доктор и барале докази за лажно боледување. “рече Ангелов и јавно праша на кој му пречи здружението „Достоинство“.
Минатата недела, пред контролата на полициските инспектори и комисија од Фондот за здравство направила контрола кај неговиот матичен лекар, тврдеше Ангелов.
Тој е прогласен за воен инвалид од Управата за прашања на борците и воените инвалиди со 80 проценти воен инвалидитет.
„Министерството за внатрешни работи има една пријава против ова лице и по однос на таа пријава тој е веќе осуден со правосилна судска пресуда. По однос на сите други злоупотреби кои се однесуваат на други сектори конкретно здравство непречено и континуирано ќе постапуваме за да откриеме одредени недоследности во постапувањето и доколку тие се утврдат, оној кој ги прекршил прописите ќе одговара. Имавме голема полициска акција за злоупотреба на медицинска документација и лажни дијагнози за издавање на инвалидски пензии. Деновиве добивме повеќе пријави за злоупотреби при издавање на лажни боледувања и ќе бидат истражени сите случаи доколку се утврди дека било кој матичен лекар, субспецијалист или специјалист издал дијагноза која не се базира на реално заболување кај пациентот, значи дека тој ќе одговара за злоупотреба на службена положба – кривично дело за кое следуваат 4 до 10 години затвор“ рече министерката Јанкулоска./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на оваа седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Скопје
Пожарот кај хотелот „Њу Стар“ локализиран, ЦУК бара итни мерки за дивата депонија во Визбегово

Пожарот кој избувна во близина на хотелот „Њу Стар“ во скопската населба Визбегово е локализиран, но на терен и понатаму дежураат две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), во денешната интервенција биле ангажирани вкупно седум противпожарни возила и 20 пожарникари. Пожарот зафатил површина од околу 5000 квадратни метри, при што биле опожарени жито, еден магацин со градежни материјали, како и дворот на хотелот.
„Денеска, при повторно разгорување, пожарот се прошири до хотелот „Њу Стар“, како и до околните куќи, со што директно беа загрозени животите на граѓаните“, стои во објавата на ЦУК на Фејсбук.
Оттаму апелираат до сите надлежни институции и локалните самоуправи итно да се вклучат со конкретни чекори и да се стави крај на проблемот со дивите депонии, кои, според нив, претставуваат сериозна опасност по животната средина и јавното здравје.
ЦУК информира дека директорот Мухамед Али денеска испратил ново барање до надлежните институции со цел итно преземање активности за конечно решавање на овој проблем.
„Проблемот со оваа дива депонија трае подолг временски период и претставува реална закана за здравјето, безбедноста и добробитта на граѓаните, како и сериозна оперативна оптовареност за БППЗ, која често е ангажирана на истата локација“, посочуваат од ЦУК.
Оттаму потсетуваат дека во текот на изминатата недела директорот Али повеќекратно испратил официјални барања за интервенција, но засега нема конкретен одговор од надлежните.