Економија
Пешевски ќе го решава спорот ЕВН – ЕЛЕМ
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска потврди дека тој е линкот кој ги ублажува односите во спорот меѓу ЕВН – Македонија и Електрани на Македонија – ЕЛЕМ
Владмири Пешевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Фатмир Бесими, на која го појаснуваа Предлог-законот за измени и дополнвуања на Законот за технолошко – индустриски развојни зони, потенцира дека прашањето со ЕВН е комплексно и се одвива не неколку полиња.„Решавањето на такво комплексно прашање бара од моја страна да се запознаам детално со сите аспекти. Страните кои се инволвирани и елементите кои влијаат се распоредени во повеќе институции. ЕВН е само една од фирмите со кои сум остварил средба за таа тема, но имам одржано доста средби внатре во Владата и со определени институции со цел да се запознаат со проблемот“, рече вицепремиерот Пешевски.Пешевски подвлече дека се работи на решавање на спорот, иако според него уште е далеку од решавање на проблемот, но доколку нема комуникација тешко би можело да се најде решение прифатливо за двете страни. На новинарско прашање дали одлуката на Апелациониот суд одиграла влијание за да се најде заеднички јазик со ЕВН, вицепремиерот беше јасен дека се’ уште не е најден заеднички јази, но смета дека е важно дека се комуницира за сите отворени прашања.Во врска со висината на инвестициите и најавената арбитража во Лондон, Пешевски потврди дека во тек се разговори и во однос на тоа прашање. ЕЛЕМ и ЕВН – Македонија се’ уште не ја добиле одлуката од Апелацискиот суд дека е укината предудата на првостепениот суд, со која австриската компанија требаше да им ја исплати на државните електрани околу 200 милиони евра врз основа на наплатени сметки за струја заостанати од времето на ЕСМ. Oд ЕЛЕМ претходните денови најавија дека нема да коментираат и ќе ја почитуваат одлуката на повисокиот суд, а за следните чекори ќе решаваат откако официјално ќе ја добијат. Засега без коментар е и ЕВН – Македонија. Дел од електронските медиуми повикувајќи се на изјава на претседателот на Апелацискиот суд Јордан Митриновски, објавија дека е укината првостепената пресуда. Со одлуката, која била донесена во понеделникот, постапката се враќа во првостепениот суд, а деталите за пресудата треба да бидат објавени наредните денови.ЕВН поради овој случај поднесе тужба против Македонија пред Меѓународна арбитража во Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

