Македонија
Меѓународна серија конференции

Серија конференции “Free Market Road Show®”, што ќе се одржува во осум европски градови, денеска започнува во Скопје
Серија конференции “Free Market Road Show®”, што ќе се одржува во осум европски градови, денеска започнува во Скопје.
Конференциите, што ќе се одржуваат до 20 мај низ Европа, ги организираат Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, со партнери од Австрија, САД, Хрватска, Црна Гора, Лихтејнштајн, Словачка, Британија и Франција.
“Free Market Road Show®” е серија на конференции каде бизнис лидери, универзитетски професори, политичари, економисти, нобелови лауреати и новинари патуваат низ повеќе европски градови i дискутираат за глобалната економија.
Главната тема оваа година е “Финансиска криза: неуспех на државата или неуспех на пазарот”, а освен Скопје, конференциите ќе се одржуваат и во Загреб, Подгорица, Виена, Братислава, Вадуц, Париз и Лондон.
“Free Market Road Show®” прв пат почна да се одржува лани, во мај, кога посети пет града во Европа- Виена, Порторож, Берлин, Прага и Брисел./крај/со/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)