Македонија
Сончево, и релативно топло време

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, релативно топло и тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.Температурата ќе се движи од 9 до 14 степени.Во Скопје температура до 10 степени. /крај/ухмр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: Владата ќе соработува со „Казанџи холдинг“, чија ќерка фирма е обвинета за корупција во Гана

Со огромна загриженост ја информираме јавноста дека владејачката партија подготвува уште еден срамен чин на предавство на националните интереси, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Наместо да спроведе транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, како што е наведено во Законот за енергетика, кој самите го донесоа во парламентот во мај годинава, додаде таа, Владата зад затворени врати подготвува потпишување на нелегален меморандум за соработка.
„Зошто се заобиколува членот 94 од Законот за енергетика, кој јасно налага изборот на партнер за изградба на дистрибутивната мрежа да се врши преку транспарентна тендерска постапка? Чии интереси ги штити власта кога за стратешки партнер избира компанија која веќе е фатена и откриена во истраги за поткуп и сомнителни зделки? Дали власта спрема огромна курпција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана? Дали овој меморандум е цената што треба да ја платат граѓаните за нечии лични и партиски бизнис интереси?“, праша Кузеска.
Таа кажа дека СДСМ бара итно и неотповикливо откажување од намерата за потпишување на каков било меморандум со споменатата компанија, целосна транспарентност за сите досегашни преговори и активности поврзани со овој проект и безусловно почитување на законот и јавна дебата за развојот на енергетскиот сектор.
Македонија
Активни седум пожари во државата

Благодарение на ангажманот на сите екипи на терен во изминатите часови некои од пожарите се ставени под контрола или целосно изгаснати. Сепак, неколку локации и понатаму се соочуваат со активни жаришта, информира Центарот за управување со кризи.
До 13 часот регистрирани се вкупно 15 пожари, од кои седум се активни, четири се под контрола и четири се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ (7):
Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (ниска вегетација)
Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
Општина Демир Капија – близу тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација)
Општина Липково – с. Оризаре (ниска вегетација и стрниште)
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (4):
Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
Општина Ресен – с. Шурленци – с. Езерани (трска и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
Општина Прилеп – с. Штавица кон с. Чумово, с. Волково и с. Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (4):
Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
Општина Гостивар – с. Беловиште (нискостеблеста дабова шума)
Општина Велес – кај с. Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)
Македонија
Гори куќа во Кочани

Куќа се запали во центарот на Кочани.
Како што јавува Радио Кочани, противпожарните екипи се на самото место.
Засега не се знае што го предизвикало пожарот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Фото: принтскрин