Економија
Прометот и индексите во негатива
Во текот на денешниот трговски ден на Македонската берза за хартии од вредност беше реализиран класичен промет во вредност од 4,685,139,34 денари од 56 реализирани трансакции.
Во текот на денешниот трговски ден на Македонската берза за хартии од вредност беше реализиран класичен промет во вредност од 4,685,139,34 денари од 56 реализирани трансакции. Индексите и денеска забележаа пад на својата вредност од кој МБИ10 падна за 0,29 проценти или за 6,77 поени и оствари вредност од 2,367,64 поени, индексот на МБИД падна за 1,51 проценти или 40,55 поени и оствари вредност од тргување од 2,651,01 поени, и индексот на обврзниците ОМБ и тој забележа пад од 0,37 проценти или 0,40 поени и достигна вредност од 106,38 поени.
На Официјалниот пазар за хартии од вредност повторно најмногу се тргуваше со обврзниците од деветата емисија од денационализација кои остварија вредност од 1,157,254,82 денари.
Втора хартија по својот промет на Официјалниот пазар беше и акцијата на Алкалоид АД Скопје со класичен промет од 498,240,00 денари кој се реализира од 8 трансакции, и при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,832,62 денари што претставуваше пад за 0,47 проценти и при тоа со нив се истргуваа 130 акции.
Трета хартија од вредност по својата ликвидност беше и акцијата на Гранит АД Скопје со остварени 462,039,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 649,84 денари.
На Редовниот пазар за хартии од вредност најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Адинг АД Скопје со промет во вредност од 422,000,00 денари кој се оствари од 3 трансакција и при тоа се тргуваа по цена од 400,00 денари, додека со нив се истргуваа 1,055 акции. Втора по својот промет на овој пазар беше и акцијата на Тутунска банка АД Скопје со остварени 269,800,00 денари промет кој се оствари од 4 реализирани трансакции и при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,800,00 денари од акција додека со нив се истргуваа 71 обични акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија обврзници од денационализација 092. Алкалоид Скопје3. Гранит Скопје4. Адинг Скопје5. Стопанска банка Битола ПриоритетниХартии од вредност со најголем раст1. Кјуби Скопје 9,76%2. Стопанска банка Скопје 2,44%3. Комерцијална банка Скопје 0,19%4. 5. Хартии од вредност со најголем пад1. Македонски Телеком Скопје 9,82%2. РЖ Арцелормитал ЦРМ Скопје 4,39%3. Стопанска банка Битола 3,38%4. Р. Македонија девизни влогови 3,14%5. Земјоделски Комбинат Пелагонија Битола 2,13%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

