Свет
Без напредок во директните преговори на Натанјаху и Абас
Двата директни состанока меѓу израелскиот премиер и палестинскиот претседател во вторник во египетското летувалиште Шарм ел-Шејк не го тргнаа страхувањето дека разговорите ќе бидат загорзени од прашањето за еврејските населби, пренесуваат светските медиуми
На двете средби кои минале во тензии посредуваше и американската државна секретарка Хилари Родам Клинтон и специјалнито пратеник на Вашингтон за Блискиот исток, Џорџ Мичел. Двајцата останел на ставот дека Израел не би требало да ја продоли изградбата на еврејските населби на Западниот брег.„Денеска двете страни ги почнаа сериозните разговори за важните прашања“, изјавил Мичел по првиот круг разговори кои траеле час и 40 минути, но како што пренесува Reuters, не бил обајвен никаков конкретен резултат.По ручекот со Хиалри Клинтон и агипетскиот претседател Хосни Мубарак, израелскиот премиер Бенјамин Неттанјаху и претседателот на Палестинската автономија, Махмуд Абас одржале и втор непланиран состанок со посредништво на САД. Нетанјаху и Абас потоа се подготвиле за заминување од Шарм ел-Шејк. Разговорите треба да породлжат во среда во Ерусалим.„Претседателот Абас и премиерот Нетанјаху ги повторија своите намери на разговорите да им пристапат во добра веерба и со сериозност“, изјавил Мичел во однос на процесот на директни преговори меѓу палестинската и израелската стран кои почнаа во септември во Вашингтон по 20- месечниот прекин.На прашањето од новинарите за продолжување на изградбата на еврејските населби на западниот брег, за кое се смета дека го оптоварувало денешните преговори, Мичел рекол дека САД имаат желба да се запре изградбата, додавајќи дека Вашингтон смета дека е умешно во овој момент да се продолжи мораториумот на изградбата кој истекува на 26-ти септември.Помошникот на израеслкиот премиер Нетанјаху во преговорите, Офир Генделман, пак, за новинарите во Шарм ел-Шејк изјавил неговата земја нема да го продолжи мораториумот. Меѓутоа додал дека „Израел е свесен за чувствителноста на ова прашње за Палестинците и сака да најдат начин како тоа да се надмине и да се продолжи да се оди напред“, пренесува DPА.Израел го отфрла целосното запирање на изградбатам а Палестинците се противат на секоја нова изградба на еврејска населба. Притоа претседателот Абас се заканил дека ќе ги напушти преговорите доколку изградбат апродолжи. Палестинските фунцкионети прашањето за изградбата на еврејските населби ги оцениле како испит за израелские намери во преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

