Македонија
Европска кошаркарска недела на Специјалната Олимпијада
Европската кошаркарска недела на Специјална Олимпијада Македонија се одржува денеска во Скопје во спортско-рекреативниот центар Кале
Европската кошаркарска недела на Специјална Олимпијада Македонија се одржува денеска во Скопје во спортско-рекреативниот центар КалеСпецијална Олимпијада Европа – Евроазија во ноември и декември е во знак на Европска кошаркарска недела. Приоритет оваа година е промовирање на унифицираните тимови, женска кошарка и соработката меѓу Специјална Олимпијада и ФИБА, односно меѓу Специјална Олимпијада Македонија и Кошаркарска Федерација на Македонија.Натпреварите денеска во Скопје започнуваат претпладне, финалните игри и доделувањето на наградите треба да завршат до 16 часот.Европската кошаркарска недела се одржува во 30 земји во Европа и Евроазија и се предвидува да опфати 15000 атлети на Специјалната ОлимпијадаНатпреварувањата на највисоко ниво се заокружуваат со финалето во Париз во мај следната година./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

