Вести
Екс советникот на Путин во Вашингтон умрел од удар во главата
Поранешниот советник на рускиот претседател Владимир Путин, и поранеше министер за печат и комуникации Михаил Лесин кој ланскиот ноември беше пронајден мртов во хотелска соба во американската престолнина Вашингтон, умрел „од повреда на главата нанесена со тап предмет“, објавија локалните власти во четвртокот навечер.
Патологот изјави дека 59-годишниот Михаил Лесин, чиешто тело беше пронајдено на 5-ти ноември во апартман во хотелот „The Dupont Circle““, починал од повреда на главата нанесена со тап предмет, пишува The Washington Post, кој пишува дека станува збор за „мистериозна смрт“, бидејќи имал и неколку поведи на вратот, торзото, рацете и нозете,
Портпаролот на вашингтонската полиција изјави дека случајот се истражува, но не сакал да одговори дали станува збор за злосторство. Семејството на Лесин и претходно изјави дека тој имал проблеми со срцето, и дека тој починал од срцев удар.
Портпаролот на руската амбасада во САД изјави дека нивните службеници неколкуте последни месеци преку дипломатски канали се обидувале да добијат информации за напредувањето на истрагата.
„Не добивме никакви информации. Имајќи го предвид документот кој денеска е објавен, очекуваме дека американската страна ќе пружи релевантно официјално објаснување“, напишал портпаролот на амбасадата Јуриј Мелник во електронска порака, пренесе Reuters.
Американската телевизиска мрежа ABC News објави дека Лесин бил обвинет за цензурирање на руските независни медиуми.
Поранешниот руски министер за печат и комуникации Михаил Лесин, советник на претседателот Владимир Путин, од западот беше обвинуван од западот дека ја замолчувал опозицијата и медиумите и осомничен дека заработувал милиони
Михаил Лесин, кого во Русија го нарекуваа Булдожер, поради неговата енергичност, беше познат како иницијатор и финансиер на медиумската куќа Russia Today, која емитува вести на англиски јазик и вработува и значајни новинарски имиња од странство, пандан на големите американски телевизиски мрежи, која ја поддржува руската влада и чие мото е дека сака да „даде поинаква перспектива на големите настани во светот“ и „од руска перспектива“.
Во хајката против руските функционери и влијателни личности којашто ја започна Вашингтон во 2014 година, американскиот сенатор од сојузната држава Мисисипи, Роџер Викер, бараше во јули 2014 година сојузна истрага против Лесин за да се истражи дали перел пари во САД или е во контакт со лица кои се под американски санкции.
Лесин беше руски министер за комуникации во периодот меѓу 1999 и 2004 година, а потоа беше советник на претседателот Путин, главен директор на медиумската куќа на рускиот енергетски гигант „Газпром“ во 2013 година од каде по една година си поднесе оставка за да учествува во создавањето на медиумската куќа Russia Today.
Наводно за неколку милиони долари купил имоти во Европа, како и неколку недвижнини во Лос Анџелес за повеќе од 28 милиони долари. „Фактот дека руски функционер можел да стекне толкав имот наметнува сериозни прашања“, тврдеше американскиот сенатор во писмото до министерот за правда Ерик Холдер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.