Македонија
Георгиевски до Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е кочничар на лустрацијата
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски преку отворено писмо до актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски обвинува дека владејачката партија е главен кочничар на доследното и принципиелно спроведување на лустрацијата во Македонија.
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски преку отворено писмо до актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски обвинува дека владејачката партија е главен кочничар на доследното и принципиелно спроведување на лустрацијата во Македонија. Екс-лидерот Георгиевски пишува дека со партиски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е запрена понатамошната процедура за двајца пратеници од овие партии, за кои комисијата за лустрација поседувала докази за нивна наводна соработка со тајните служби. Георгиевски тврди дека Груевски го знае идентитетот на пратеникот од владејачката партија за кого постојат вакви сомневања. „Вие бевте многу млад за да се сеќавате оти истиот човек долги години беше во највисоките структури во ВМРО-ДПМНЕ, а во одреден период дури и нејзин потпретседател; луѓето пак, се сеќаваат на неговата акцентирана припадност на т.н бугарско крило на ВМРО-ДПМНЕ, а јас се сеќавам оти тој човек стана и министер; и конечно најважното, откако беше сменет од министерската позиција, исто така добро се сеќавам оти беше главниот организатор при купувањето шест пратеници од власта на ВМРО-ДПМНЕ двеилјадитата, што значи оти тогаш сме имале неуспешен обид на своевиден државен удар организиран од страна на службите за државна безбедност!“, пишува Георгиевски во отвореното писмо до Груевски. Со ова, според поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува континуираното штитење на соработниците на тајните служби од страна на владејачката партија. „И уште еднаш ќе подвлечам, до ден-денес не ми се јасни вашите мотиви за патронство на подземни сили од ваков сој“, пишува Георгиевски на крајот од своето отворено писмо до Груевски. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеороловија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

