Свет
Бројот жртви од поплавите на Филипините поголем од 1.450
Бројот на загинатите во поплавите на југот од Филипините нагло се зголеми во вторникот коа властите објавија дека уште 200 лица ги загубиле животите и дека би можело да бидат пронајдени уште мртви тела.
Бројот на загинатите во поплавите на југот од Филипините нагло се зголеми во вторникот коа властите објавија дека уште 200 лица ги загубиле животите и дека би можело да бидат пронајдени уште мртви тела.Поплавите предизвикани од тропската бура Ваши од средината на декември, досега однесоа 1.453 жртви, покажуваат податоците што во вторникот ги објави Канцеларијата за цивилна одбрана што ги пренесува AFP.Десетици тела се извлечени од водите кај островот Минданао, најголемиот во Филипинскиот архипелаг.„Има уште многу подрачја кои не се пребарани, но се чувствува реата на распаднатите тела. Не знаме колку лица загинале во калливите порои“, изјавила претставничка на службата за цивилна одбрана, проценувајќи дека бројот мртви би можел да досегне до две илјади.Тропската бура Ваши го уништи југот на Филипини од 16-ти до 18-ти декември, предизвикувајќи катастрофални поплави во овој послабо населен дел од покраината којашто и поради тоа била послабо подготвена за дејствување и спасување на луѓето во случај на тропска бура. Бурата Ваши речиси целосно ги уништи и селата и сиромашните населби направени од отпадни материјали на песочна почва. Во евакуациските центри се сместени речиси 55 илјади лица, соопштија локалните власти, чии процени се дека многу од нив уште со месеци ќе треба да живеат во шатори додека за нив не се подигнат цврсти домови./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апокалипса во Кина: силно торнадо руши се’ пред себе, 5 загинати и многу повредени
Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што денеска го погоди јужниот кинески град Гуангжу, јави кинескиот јавен сервис CGTN.
Сеизмолошкиот институт соопшти дека торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највисокото, а увидот за материјалната штета е во тек, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Метеоролошката станица во селото Лијангтиан во округот Бајин, на околу три километри од местото каде што потекнува торнадото, попладнево забележа максимален удар на ветер од 20,6 метри во секунда.
Претходно во текот на денот, градските власти издадоа предупредувања за можна појава на грмотевици, дожд, град и торнада во многу окрузи.
Ова доаѓа додека провинцијата Гуангдонг се бори со рекордни поплави предизвикани од обилните дождови, кои однесоа најмалку четири животи и раселени десетици илјади луѓе низ неколку градови.
Најмалку 10 лица се водат како исчезнати.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.