Свет
Дали човекот навистина слета на Месечината?
Пред 40 години Нил Амстронг и Баз Олдрин беа првите луѓе што зачекорија по површината на Месечината, или можеби сето тоа беше лажирана приказна?
Пред 40 години Нил Амстронг и Баз Олдрин беа првите луѓе што зачекорија по површината на Месечината, или можеби сето тоа беше лажирана приказна?
Има одделни кругови меѓу научниците и експертите кои тврдат дека еден од најголемите триумфи на САД во Студената војна и во светот на науката и веселенските истражувања, е најобична измама.
Оваа група луѓе тврди дека мисијата на Аполо 11 е една од најголемите измами на американската влада во историјата, а меѓу оние што неверуваат во таквиот потфат на Американците е и Барт Сибрил.
„Апсолутен факт е дека никогаш не слетале на Месечината, дури не се ни доближиле до неа“, вели Сибрил.
Тој на разоткривањето на оваа ’измама’ посветил многу од своето време и снимил неколку документарни филмови за недоследностите во мисијата на Аполо 11, сакајќи целата работа да ја прикаже како лага.
„Снимките со кои располагаме покажуваат како е лажирано дека биле на половина пат до Месечината. Тоа покажува дека не биле на пола пат до Месечината, бидејќи тие снимки се лажирани. Сите имале идентична опрема па јас тврдам дека никој не можел ниту да излезе од Орбитата, бидејќи за тоа немале доволно гориво“, истакнува Сибрел.
Тој додава дека истите снимки покажуваат дека астронаутите користеле картонска плоча за да го прикажат оддалечувањето од Земјата, сокривајќи го фактот дека никогаш не ја напуштиле орбитата, а не пак да стигнат до Месечината.
Мнозинството Американци не му веруваат на Сибрел, а Буз Олдрин лично го удрил по лице, по обвинувањата дека е измамник и крадец и дека никогаш не шетал по Месечината.
Вишиот куратор во Smithsonian’s National Air музејот, Роџер Лауниус, тврди дека подолго вцреме се носи со овие прашања, но додава дека најдобар доказ дека тоа се случило, е она што не се случило назад на Земјата.
„Советите имаа сопствена вселенска програма и беа многу, многу способни и самите скаа да слетаат на Месечината, но не успеаја. Ако сето ова ние го лажиравме, тие можеа тоа да го откријат, а ги имаа сите причини на светот да го откријат, но не го сторија тоа“, заклучува Лауниус.
Сибрел се надева дека американскиот претседател Барак Обама ќе признае и ќе му ја каже вистината на светот. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

