Свет
Мистеријата на грабнувањето на „Артик Си“
Вчера ослободениот руски брод е „Артик Си“, е првиот кој доживеал гусарски напад во територијалните води на Шведска од 17-от век. Но, интересно е прашањето дали неговото грабнување и побараната висока откупнина беа заради дрвената граѓа што ја превезувал
Рускиот брод кој пловеше под малтешко знаеме „Артик Си“, беше пронајден речиси по цел месец. Тој пловеше од Финска за Алжир, официјално превезувајќи дрвен материјал за градежништво вреден околу два милиони долари. Тој исчезна на 24 јули кај архипелагот Каповерде, и исчезна од радарите откако излегол од каналот Ла Манш. Беше пронајден од руската морнарица во африканските води во неделата навечер а со интервенција без насилство беа ослободен 15-те челнови на екипажот, сите Руси. Притоа, руските морнарички командоси уапсија осум лица, двајца Руси, четири Естонци и двајца Латвијци. Вчера рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков соопшти дека бродот се водеше подолго време за исчезнат, бидејќи грабнувачите наредиле да се исклучат навигациските и радарските бродски системи. Во руските и западните медиуми, се шпекулира дека наводно во грабнувањто ан „Артик Си“ е вмешана мафијата. Според тие информации, финските сопственици на товарот добиле барање за откупнина од милион евра, но тоа не е потврдено. Уредникот на рускиот магазин за науитика Совфрашт, Михаил Војтенко, ги поттикнал шпекулациите наведувајчи дека товарот на бродот не било ниту оружје или дрога, туку нешто многу поскапоцено и поопасно. Финските власти од каде запловил бродот кон Алжир, ги демантирале ваквите информации за наводен нуклеарен товар на „Артик Си“.„Се чини дека тука не станува збор за кражба на скапоцен брод или товар. Попрво се работи за разидување на руските интереси“, изјавил Дејвид Ослер, кој за весникот на осигурителното друштво Лојд, пишува за безбеднсота на мориња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

