Македонија
Операција Ариел: ”И згрешив на државата, фала што ме судат”
Во Основниот суд 1 во Скопје во четврток продолжи судскиот процес против група од 23 обвинети за перење пари со фиктивни фактури кои беа уапсени во операцијата на МВР наречена “Ариел”.
Во Основниот суд 1 во Скопје во четврток продолжи судскиот процес против група од 23 обвинети за перење пари со фиктивни фактури кои беа уапсени во операцијата на МВР наречена “Ариел”. Се сослушуваат обвинетите. Прво обвинетиот и организаторот на претходното рочиште тврдеше дека не е виновен и бараше графолог да утврди дали тој пишувал лажни фактури, а второобвинетиот молчеше. Денеска се сослушуваше третообвинетиот кој со своето сведочење ги изненади сите во салата. Пред судиите призна сè. Тој, за кого адвокатите најавуваа дека ќе има долг и опширен исказ, пред судиите за неколку минути ја раскажа шемата како се переле пари со фиктивни фактури. “Се наоѓаа фирми на кои им се ставаа пари на сметка, а потоа истите за осум проценти помалку се вадеа. Се правеа фактури за наводни купувања и услуги. За секое давање и земање се задржуваше процент. За сè знаеше и беше организатор првообвинетиот Кикеновски и некои други. Јас не бев свесен во што влегов кога ги носев фактурите по фирми кои често беа и празни”, сведочеше обвинетиот.Потоа на изненадување на сите побара судот да му дозволи да каже уште неколку реченици: “За се што сум направил се каам. Направив голема грешка. Се огрешив од законот, а и и згрешив на државата и сум благодарен што ме судат што почна оваа постапка. Почесно е гласно да се покаеш, отколку да не ја зборувам вистината. Сè што правев правев за пари”. Обвинетиот појасни дека фактурите се носеле и по фирми, но и во приватен стан кој меѓу себе луѓето од групата го нарекувале “Александар Палас”. Во судницата по него беа распрашани голем дел од обвинетите. Неколкумина одлучија да молчат. Управители на фирми пак, се правдаа дека не го разбрале обвинението. Судечкиот судија мораше дел по дел да им појасни зошто се обвинети и се во притвор по што тврдеа дека не се виновни и дека работеле легално. Според обвинителниот акт групата од 23 обвинети неколку години префрлале пари од фирми со лажни фактури за извршени работи. Обвинителството и вештаците со судското вештачење и пим мерките утврдиле дека се префрлале и влечеле пари од фирми за дејности како што се чистење земја, ѕидаро – тесарски услуги, транспорт на стока до Малезија, превоз од Шангај до Истанбул, откуп на секундарни суровини и друго. Крај.мф.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

