Свет
Нетанјаху благодарен што папата ги ослободи евреите од вината
„Силно се надевам дека вашата јаснотија и храброст ќе ги засилат односите помеѓу евреите и христијаните ширум светот и ќе помогнат во промовирањето на мирот и помирувањето на новите генерации“, се вели натаму во писмото.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му испрати писмо на папата Бенедикт Шеснаесетти во кое го поздравува ослободувањето на еврејскиот народ од обвиненијата дека е виновен за смртта на Исус Христ, пренесува Хина„Ваша светлост, ве пофалувам затоа што во вашата последна книга силно ги отфрливте лажните обвиненија, кои беа основа за повеќевековната омраза кон еврејскиот народ“, пишува Нетанјаху во неговото писмо, кое го објави неговиот кабинет.„Силно се надевам дека вашата јаснотија и храброст ќе ги засилат односите помеѓу евреите и христијаните ширум светот и ќе помогнат во промовирањето на мирот и помирувањето на новите генерации“, се вели натаму во писмото.Папата бенедикт Шеснаесетти ги ослободи евреите од вината од обвиненијата дека биле одговорни за смртта на Исус Христ во својата најнова книга „Исус од назарет“, од која вчера во Ватикан беа објавени неколку извадоци.Во делот насловен „Исус од Назарет, втор дел – од везот во Ерусалим до воскресението“, папата го поставува прашањето : „Кои точно го тужеле Исус?“ и потсетува дека во Евангелието по Иван тие се наведени само како „евреи“.Папата тврди дека изразот „евреи“, кој го употребува евангелистот Иван „на ниту еден начин не го означува израелскиот народ во целост“, „а уште помалку е расистички“, бидејќи и „Иван бил Израелец, како и Исус и неговите следбеници“. Тој израз има „прецизно и строго ограничено значење“ и се однесува на „аристократијата во храмот“, која ја посакувала смртта на Исус затоа што се прогласил за еврејски крал и ги прекршил еврејските верски закони, истакнува Бенедикт Шеснаесетти. Улогата на евреите во смртта на Исус е причина за големата тензија со католиците, кои со векови ги обвинуваа за „богоморство“. Вториот ватикански концил (1962 -1965 година) го ослободи еврејскиот народ од секаква одговорност за распнувањето на Исус на крстот, а Бенедикт Шеснаесетти, се верува, е првиот папа кој вака детално ги разложил и ги споредил различните новозаветни извори, кои говорат за смртната пресуда која на Исус му ја одредил римскиот гувернер Понтие Пилат. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

