Свет
Во Мексико откриена масовна гробница со 59 тела

Тела на 59 луѓе закопани во осум јами се откриени во северниот дел на Мексико, соопштуваат локалните власти. Во близина на местото, во сојузната држава Тамаулипас, 130 километри јужно од границата со САД,
Тела на 59 луѓе закопани во осум јами се откриени во северниот дел на Мексико, соопштуваат локалните власти. Во близина на местото, во сојузната држава Тамаулипас, 130 километри јужно од границата со САД, во август 2010 година беа пронајдени телата на 72 мигранти од Централна Америка кои биле припадници на нарко-картел.Телата се откриени синоќа, по истрагата спроведена по сознанијата дека вооружени лица, кон крајот на март во неколку наврати грабнувале патници од автобуси. Во осум јами откриени се 59 тела, а само во една имало 43. Властите во државата Тамаулипас соопштиле дека се приведени 11 осомничени, додека мексиканското министерство за внатрешни работи наведува дека првата јама била откриена уште во саботата и дека војската уапсила петмина осомничени.Меѓу жртвите има и две жени, а се проценува дека повеќето од нив се убиени пред 10 до 15 дена, што одговара на времето кога се случиле грабнувањата, соопштуваат властите во државата Тамаулипас.Идентификацијата и утврдувањето на причините за смртта се во тек. Претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон, го осуди настанот, наведувајќи дека овој чин го покажува кукавичлукот и недостатокот на скрупули на криминалните организации кои доведуваат до насилство во земјата.Засега не е потврдено дека некој нарко-картел е вмешан во убиството на патниците, а се претпоставува дека тоа би можеле да бидат жртви на трговија со илегални мигранти./крај/бл/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан ја нарече Парадата на гордоста одвратна и обвини дека Брисел стои зад неа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро ја осуди Парадата на гордоста што вчера се одржа во Будимпешта, нарекувајќи ја „одвратна и срамна“. Во објава до своите поддржувачи, тој го обвини Брисел дека стои зад организацијата на настанот, кој, според него, прераснал во антивладин протест.
„Брисел издаде наредба дека треба да има Парада во Будимпешта. Нивните марионетски политичари ја извршија наредбата“, напиша Орбан во порака до затворената онлајн група на своите приврзаници.
Орбан порача дека парадата е јасен показател за тоа што би се случувало во Унгарија доколку неговата партија ФИДЕС не беше на власт. Тој тврди дека, иако на Парадата имало многу луѓе, тие не можат да се споредат со 3,7 милиони учесници на референдумот за родова еднаквост во 2022 година.
„Од вчера, знаеме уште повеќе со сигурност дека на овие луѓе не треба да им се дозволи да го преземат кормилото на Унгарија. И ние нема да им дозволиме“, истакна Орбан.
Премиерот го осуди и визуелниот дел од Парадата, коментирајќи дека на сцената имало „шоу на ‘драг’ кралици“, „мажи во високи потпетици“ и „брошури за хормонска терапија“. Според него, тоа не е прашање на гордост, туку на срам.
Во своето обраќање Орбан ја поврза Парадата и со други горливи теми како миграцијата, намалувањето на комуналните трошоци и ставовите кон Украина и војната.
На крајот, тој испрати порака: „Се бориме за вистината! Борба против лагите!“
Регион
Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во насилствата по студентските протести во Белград. Тој најави дека ќе следуваат нови апсења, бидејќи, како што рече, сѐ уште се врши идентификација на осомничените.
„Ова не е крај, лицата се идентификуваат, на тоа работи БИА“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија не може да се победи со насилство: „Неа не можете да ја победите со насилства, таа не запре и нема да застане“.
Тој оцени дека повиците на крајот од протестот, особено изјавата „имате зелено светло“, претставуваат директен повик за граѓански конфликти и напади врз полицијата.
„Ги повикувам надлежните обвинителства да си ја работат својата работа, да не се преправаат дека се неспособни и наивни. Доаѓа време на одговорност, почитувани граѓани“, додаде Вучиќ.
На заедничката прес-конференција, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ информираше дека по протестот се приведени 77 лица, од кои 38 се задржани, а меѓу нив има и едно малолетно лице.
„Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 лица ќе се води прекршочна постапка“, изјави Дачиќ, додавајќи дека се повредени 48 полицајци, од кои еден со тешки повреди на главата, а уништена е и значителна количина заштитна опрема.
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, остро го осуди насилството и побара сите страни да се воздржат од дополнително разгорување на тензиите.
„Србија е демократско општество во кое мислењата мора да се изразуваат на мирен и цивилизиран начин, без загрозување на безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир“, изјави Мацут.
Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата и безбедносните служби за брзата и професионална интервенција.
Своја реакција имаше и претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, која обвини дека студентите на протестот упатиле повик за граѓанска војна.
„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите ‘Да живее Србија’, туку со морничав повик за убивање на Србија – монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша таа на мрежата Икс.
Блокадери свој скуп на Видовдан нису завршили речима – Живела Србија. Завршили су језивим позивом на убиство Србије, монструозним и отвореним позивом на грађански рат. Памти Србијо. pic.twitter.com/IiOiU3A0Kl
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 28, 2025
Свет
Италијанец снимал деца на Истра со камери скриени во пенкала

Истарската полиција заврши кривична истрага против 67-годишен италијански државјанин, осомничен за сериозно кривично дело поврзано со злоупотреба на техничка опрема и нарушување на приватноста на малолетни лица.
Според соопштението на Полициската управа на Истра, инцидентот се случил на 26 јуни, околу 15 часот, кога гостин во туристички објект забележал лице како недозволено снима малолетници. Лицето било задржано до пристигнување на полициски службеници, кои веднаш постапиле согласно законските надлежности.
По судска наредба, биле извршени претреси на неколку уреди со скриени камери, вклучувајќи техничка опрема со интегрирани снимачки механизми, мемориски уреди, мобилен телефон и возилото на осомничениот. Полициската управа информира дека се пронајдени материјали кои ќе бидат предмет на понатамошна истрага.
Осомничениот е уапсен и вечерта на 27 јуни предаден во притворската единица на Полициската управа на Истра со поднесена кривична пријава.