Македонија
Каргов: Одлуките за „Фершпед“ се според законот
Одземањето на лиценцата на „Фершпед“ не е поврзано со политиката, изјави на прес-конференција директорот на Царинската управа, додавајќи дека за три години царината регистрирала 31 прекршок од страна на оваа шпедитерска компанија, одрекувајќи своја припадност на која и да е политичка партија
„Царинската управа, нејзината работа и одлуки не ги засновува ниту на политички ниту на партиски основи, туку на законот. Јас директорот на Царинска управа не сум член на ниедна политичка партија и моите одлуки и работата не е базирана ниту на партиски ниту на политички директиви“, рече директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов. Тој вопетокот пред медиумите ја образложи одлуката за одземање на лиценцата за царинско застапување на најголемата шпредитерска компанија во државата „Фершпед“. Како што кажа каргов Царината го спроведува Законот за прекршоци, и според него таа е една од ретките државни институции кои уште од октомври 2007 г. почна со примената на Законот за прекршоци. во овој случај, како до пред две години, наместо судовите да одлучуваат по царинските прекршоци, а подоцна и по девизните прекршоц. Како што нагласи, Каргов, во тој речиси двегодишен период, формираната Комисија при македоснката царина, според законсктие одредби има поведено околу 5.300 предмети од кои 1.800 се преземени од судовите, 800 се нови примени од страна на министерството за внатрешни работи, а другите од надлежните служби на Царинската управа.Што се однесува до „Фершпед“, случај кој се актуелизираше во домашната јавност ссо политичка конотација, КАргов го изнесе податокот дека против компанијата биле досенесени вкупно 31 решение за царински прекршок во вкупен износ од 15.500 евра.Како што рече КАргов, најголемито дел од прекршоците биле сторени во периодот од 2004 до 2006 г., а помал дел се сторени во 2007 и 2008 г. КАргов потести и дека според законот со кој се регулира царинското работење, ако правен субјект направил прекршоци поголеми од 10 илјади евра или му е изречен царински долг од поголем од тој износ, му се одзема лиценцата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
(Фото) Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.

Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

