Вести
Кери го уверувал Лавров во подготвеноста на САД да работат на директниот дијалог меѓу Москва и Украина

Американскиот државен секретар го убедувал рускиот министер за надворни работи Сереј Лавров за подготвеноста на Вашингтон да се ангажира директниот дијалогот меѓу Русија и Украина, во најновиот телефонски разговор меѓу шефовите на дипломатите на двете сили, соопшти Стејт департментот.
Во кусото соопштение на министерството за надворешни работи на Руска Федерација, се наведува дека во телефонскиот разговор од саботата навечер, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се договориле за продолжување на соработката за надминување на украинската криза.
„Во фокусот (на разговорот) беа Украина и Крим. Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат интензивните контакти за да се олесни соработката за решавањето на украинската криза”, се наведува во соопштението на руската дипломатија.
Претставникот на Стејт департментот се истакнува дека Кери „го повикал Лавров за продолжување на разговорите за дипломатските чекори, со цел да се деескалира ситуацијата во Украина”.
„Државниот закон ја истакна подготвеноста на САД да работат заедно со партерите и сојузниците за започнувањето на директниот дијалог меѓу Украина и Русија”, се додава во соопштението. Било договорено, исто така, Лавров и Кери повторно да разговараат на оваа тема следните денови.
Москва инаку ја одбива можноста за разговори со новите власти во Киев, за кои смета дека се дојдени на власт со „вооружен преврат” и бара да се почитува договорот од 21-ви февруари кој го потпишаа сега отстранетиот претседател Виктор Јанукович и челниците на украинската опозиција, на кој како гаранти се потпишани и шефовите на дипломатите на Германија, Франција и Полска. Според овој договор, треба да е вратен уставот од 2004 година со кој е вратена парламентарно-претседателската форма на власт, што беше сторено, да се формира влада на национално единство и до крајот на 2014 година да се одржат предвремени избори. Наместо тоа, веднаш во нецелосниот парламент беше донесена одлука за отстранување на Јанукович, а беа и заменети сите привремени министри со активисти на опозицијата.
Претходно во саботата, Лавров рече дека Западот не е во можност да го исполни својот удел во договорот од 21-ви февруари. „Западните партнери ни ветија во контекстот на потпишувањето на договорот од 21-ви февруари дека доколку Јанукович ги изврши своите обврски, тие ќе ја притиснат другата страна и ќе оневозможи радикалните националисти да го раководат процесот на реформите. Јанукович исполни сѐ што вети, но нашите партнери не го остварија своите ветувања”, изјави шефот на руската дипломатија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.