Македонија
Јанкуловска: Банките да преземат превентивни мерки за спречување на грабежите

Институциите кои на дневна основа менаџираат со поголема сума на готовина да ги превземат сите неопходни мерки од превентивен аспект заради безбедноста на нивните вработени, но и безбедноста на имотот, односно паричните средства со кои менаџираат.
Институциите кои на дневна основа менаџираат со поголема сума на готовина да ги превземат сите неопходни мерки од превентивен аспект заради безбедноста на нивните вработени, но и безбедноста на имотот, односно паричните средства со кои менаџираат.
Ова го изјави Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денеска по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Факултет за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски.
Оваа година грабежите на банки станаа секојдневие. Полицијата расветли само мал дел од нив. Минатата година полицијата расветлила 274 разбојништва.
Се уште се трага по разбојниците кои вчера се обидоа да ограбат комбе на Централна кооперативна банка. Не е позната ниту сумата на пари што беше мета на крадците.
Полицијата вчера попладне спречи грабеж на возило на Централна кооперативна банка во Куманово, во близина на селото Речица.
Возилото на банката од марката Берлинго било пресретнато од два други автомобила марка Фиат Уно со велешки регистарски таблички.
Крадците парите ги натовариле во двете возила и се упатиле на различни страни. Блокадата на излезите од Куманово им ги пореметила сметките на разбојниците, тие побегнале но без парите. /крај/фф
Фото:Филип Поповски
Повеќе фотографии тука>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.