Свет
Карзаи-Талибанците надвор од црниот список

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги повика ООН да ги извади од црниот список лидерите на талибанците
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги повика ООН да ги извади од црниот список лидерите на талибанците, кои не се дел од Ал Каида како прв чекор кон мировните преговори.
Карзаи ја поздрави новата стратегија на Вашингтон за Авганистан и Пакистан, вклучително и делот за постигнувањето на мир со некои од талибанците.
„Говорејќи за мировниот процес со талибанците, ние треба исто да обезбедиме и вистинска атмосфера за тој процес”, рече тој, без да набројува конкретни имиња.
Во минатото Карзаи предложи преговори и амнестија на лидерот на талибанците Мула Омар, иако тој е вклучен и на црниот список на САД, доколку се откаже од вооружената борба и го почитува новиот устав на Авганистан
Омар одбиваше учество во преговори, додека не се повлечат воените контингенти на САД и НАТО./крај/фокус/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“