Свет
Конфузија во Јапонија, над пет илјади загинати
Конфузијата предизвикана од катастрофалниот земјотрес и цунамито се шири масовно денеска во Јапонија,
Конфузијата предизвикана од катастрофалниот земјотрес и цунамито се шири масовно денеска во Јапонија, откако во земјотресот оштетената нуклеарка „Фукушима“ експлодира уште еден реактор, што предизвика парализирање на областа Канто во околината на Токио по најавите на Tokyo Electric Power Co. дека ќе преземе рационализирање на потрошувачката на струјата.Бројот на загинатите и оние кои сè уште се водат за исчезнати по петочниот земјотрес со магнитуда 9.0 степени по Рихтер, достигна пет илјади од кои околу две илјади беа пронајдени денеска на две плажи во префектурата Мијаги, додека полицијата соопшти дека пронашла уште 200 до 300 тела во близина на градот Сендаи, административниот центар на префектурата Мијаги, јавува јапонската новинска агенција Кјодо (Kyodo) .Од две илјади, околу илјада се забележани во близина на градот Минаминсарику каде што префектурните власти сè уште не можат да контактираат со околу 10 илјади луѓе, повеќе од половината од локалното население.Само во префектурата Мијаги вкупно 785 тела биле извлечени до пладне по локално време во понеделникот, изјави за агенцијата претставник на локалната полиција, додека централната влада продолжува со напорите да се евидентираат целосните размери на катастрофата. Во градот Отцуши, во префектурата Ивате, сè уште е неизвесна судбината на околу осум илјади жители.Вчера околу 450 илјади луѓе беа евакуирани во Мијаги и уште пет други јапонски префектури, но во местата каде што се евакуирани се чувствува недостиг од храна и гориво, поради што јапонската влада донесе одлука за воспоставување воздушен мост за достава на резерви којшто го одржуваат хеликоптерски јапонските одбранбени сили.Агенцијата за менаџирање со природни катастрофи соопшти дека бројот на објекти кои се целосно или делумно уништени достигна 63.255. /крај/кјодо/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

