Свет
ЕК ќе дава милионски суми за невладини организации

Најавата дека Европската комисија (ЕК) во 2010 година планира да исплати 6,7 милиони евра за субвенции на невладини организации и истражувачки тимови, предизвика полемики во Брисел.
Најавата дека Европската комисија (ЕК) во 2010 година планира да исплати 6,7 милиони евра за субвенции на невладини организации и истражувачки тимови, предизвика полемики во Брисел.
Предвидено е субвенции да добијат 58 организации со најразлична структура, од познатите бриселски клубови за дискусија „Кафе Бабел“ и „Европскиот политички центар“, па се до оние организации кои застапуваат нечии интересни групи.
Најголем дел од средствата за субвенциите потекнуваат од фондот за образование и култура, кој е наменет за финансирање и унапредување на „заедничките е вредности“ и поттикнување на интересот на обичните луѓе за политика.
„Сметам дека е чесно обичниот граѓанин на ЕУ да научи нешто повеќе за Унијата, чиј составен дел е и тој самиот. Нема потреба да се извинуваме и да појаснуваме што е смислата и содржината на ЕУ“, изјави портпаролот на ЕК, Џон Мекдоналд.
Дел од европската јавност смета дека оваа широкоградост на Брисел не е случајна.
„Тие самите ги составуваат комитетите и тврдат дека станува збор за независни групи на интелектуалци, но тоа се всушност големи навивачи и поддржувачи на ЕУ“, смета претставник на британското евроскептично здружение „Отворена Европа“. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Финскиот премиер: ЕУ мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија

Финскиот премиер Петери Орпо денес изјави дека Европската Унија мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија, пренесува Танјуг.
Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно денес изјави дека неговата земја нема да поддржи нов пакет санкции на ЕУ против Русија и ќе побара одложување на гласањето планирано за утре, објави Ројтерс.
Причината е загриженоста за снабдувањето со гас по 2027 година, објави Ројтерс.
Свет
Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори за Украина ако дојде и Путин

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува.
На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.
„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ќе бидат воспоставени неопходните контакти за да се одржи состанокот што е можно поскоро.
Свет
Орбан до Европската комисија: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со „Парадата на гордоста“ во Будимпешта.
Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.
Во одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „во изминатите години направи сериозни грешки“.