Свет
Во Британија продолжуваат преговорите за новата влада
Британските, конзервативна и либерално-демократска партија, денеска ги продолжија преговорите за формирање на новата влада.
Британските, конзервативна и либерално-демократска партија, денеска ги продолжија преговорите за формирање на новата влада.
Досегашните преговори меѓу Дејвид Камерон и Ник Клег, според тимовите на партиите, биле “конструктивни“, објавуваат агенциите.
Двете страни планираат да постигнат барем “некаков договор“ до понеделник наутро, кога се отвораат берзите, за да не предизвикуваат дополнителни тензии, што веќе постојат поради грчката криза./крај/хи/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина нема да ја сменат власта во Србија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им порача на центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина дека „залудно се надеваат и нема да ја сменат власта во Србија“.
Вучиќ рече дека за утре е закажан состанок со американски претставници за енергетиката и рече дека српската страна ќе се бори за зачувување на енергетиката на Србија и секоја друга стабилност.
„Утре ќе имаме значајни разговори со нашите американски партнери од врвот на американската политика за енергетиката, а особено за санкциите против српската нафтена индустрија. Ќе се бориме за интересите на нашата земја, но во исто време и за зачувување на стабилноста во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на нашиот пазар и во обновата, не само опстанокот, туку и забрзаниот напредок на нашата земја – изјави Вучиќ во видео порака на Инстаграм.
Претседателот на Србија додаде дека годинава очекува раст во автомобилската индустрија.
– Сигурен сум дека со заедничка огромна енергија во сите други области од општественото живеење, од градежништвото до земјоделството, можеме да направиме огромни чекори напред. Верувам во работата, верувам во трудољубивоста на нашиот народ и сигурен сум дека заедно можеме да го постигнеме резултатот што го зацртавме, а тоа е да бидеме најуспешната или најбрзо растечката економија во Европа во 2025 година – рече Вучиќ.
– П.С. Мојата порака до центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина: Среќна Нова година и залудна надеж, нема да ја смените власта во Србија – напиша Вучиќ.
Свет
Хаотична новогодишна ноќ низ Холандија – убиено момче, повеќе од 200 уапсени
Хаотична и насилна новогодишна ноќ низ Холандија доведе до трагична смрт на 14-годишно момче и апсење на повеќе од 200 лица поради немири и напади врз полицајци, а има и повредени поради подметнување пожар и несреќи поврзани со пиротехника, пренесува „NL Times“.
Локалните медиуми јавуваат дека употребата на пиротехнички средства довела до трагична смрт на 14-годишно момче во експлозија во Ротердам.
Од употреба на пиротехнички средства тешко се повредени повеќе лица низ државата.
Полициските службеници ја опишаа ноќта како „ноќ со уништување и насилство“, со значителни инциденти во градовите низ земјата.
Најсериозните инциденти се однесуваа на широката употреба на нелегални пиротехнички средства.
Во неколку градови, вклучувајќи ги Харлем, Зандам, Ротердам, Хаг, Амстердам, Бреда и Гронинген, полицијата беше принудена да одговори на насилните немири, според медиумите во светот.
Како што е објавено во написите, во Вен беше запален полициски автомобил, додека во Кулемборг полицијата употреби солзавец за да ги спречи напаѓачите да фрлаат пиротехнички средства кон полицијата.
Полицијата интервенираше и за да спречи немири во Амерсфорт, Урк и Хајцен.
Во Амстердам полицајци испукале предупредувачки истрели откако биле нападнати на централниот плоштад, јавува Танјуг.
Регион
Мајка пријавила дека нејзината ќерка била силувана од двајца непознати мажи во Приштина
Жена од Приштина пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била силувана од двајца непознати мажи, пишува „Газета експрес“.
Како што пренесува овој медиум на албански јазик, за овој случај е известен и обвинителот.
Во пријавата пишува дека на „31.12. жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била силувана од две непознати лица“.
Истрагата за овој случај е во тек, според написот во медиумот.