Македонија
Координацијата без решенија
На денешната координација свикана од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за постигнување на договор за формирање на анкетна комисија координаторите на пратеничките групи повторно не успеаа да постигнат договор, а двете страни меѓусебно се обвинуваат дека нема волја за отстапки
На денешната координација свикана од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за постигнување на договор за формирање на анкетна комисија координаторите на пратеничките групи повторно не успеаа да постигнат договор, а двете страни меѓусебно се обвинуваат дека нема волја за отстапки.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие не можат да прифатат Анкетната комисија да биде ограничувана и условувана од опозицијата.
Тие остануваат на својот предлог да се формира комисија за утврдување на околностите пред и во зградата на Собранието случени на 1 јули.
Од партијата велат дека има политичка волја за формирање на Анкетна комисија, но според нив нема реални поместувања. Тие сметаат дека би можел да надвладее субјективизмот во донесувањето на одлуките во однос на анкетната комисија, бидејќи координатор и заменик- координатор на пратеничка група се меѓу учесниците во инцидентот
Според нив опозициските партии ја користат нивната добра волја и се однесуваат ултимативно.
Опозиционерите велат дека тие не поставуваат никаков ултиматум и дека имаат цврста политичка волја да се формира Анкетна комисија.
На координацијата од страна на СДСМ и НСДП било предложено нивниот предлог и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот на Собранието Вељаноски да бидат ставени во една одлука за формирање на комисија, но како што брифираа тој предлог бил неприфатлив за владејачкото мнозинство.
Последниот компромисен предлог на опозициските пратенички групи СДСМ и НСДП гласи: Одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на околностите на настаните во Собранието случени на 1 јули и утврдување на одговорноста на учесниците и инволвираните во настаните согласно законските прописи и подзаконските акти.
СДСМ обвинуваа дека владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието не сакаат да се формира комисија, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие имаат политичка волја, но сметаат дека и Деловникот и Анкетната комисија мора да се решат во пакет.
Деловникот на Собранието треба да се отвори дури откако ќе биде формирана Анкетната комисија за расчистување инцидентот, велат од СДСМ. Тие потсетија дека Измените на Деловникот, требаше да се донесат до декември, според договорот на една од лидерските средби.
На денешната средба не бил постигнат договор за формирање на Анкетна комисија, а за втората точка Деловникот на Собранието воопшто не било ни разговарано.
Претседателот Вељаноски за утре закажа уште една координација во 14 часот повторно со истите точки на дневен ред./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца.
Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца, како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.
Семејствата им се заблагодарија на сите кои дале поддршка и солидарност во најтешките моменти, истакнувајќи дека токму таа поддршка ја покажува општествената одговорност и човечност, и дека од болката заеднички е создадено нешто трајно, достоинствено и исполнето со љубов.
Македонија
„Зелен хуман град“: Орце Ѓорѓиевски се прогласи за ненадлежен да го заштити Скопје од детонации
На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отфрли Иницијативата на „Зелен хуман град“ за забрана на огномет на територија на градот велејќи дека Советот бил „ненадлежен“, најомиленото образложение на функционерите во Македонија, државата во која никој не е надлежен за ништо. Споредбата за наводната ненадлежност Ѓорѓиевски ја доведе до апсурд со изјавата дека тоа било исто како Советот на Скопје да забранува абортус, соопштија од Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“.
Од друга страна, велат од таму, Општина Кавадарци на почетокот на декември донесе одлука да ги слави празниците годинава без огномет.
„Иако во иницијативата доставена до Советот на Град Скопје беше експлицитно наведена надлежноста според Закон за Град Скопје во чијшто член 10 е прецизирана обврската што нашата локална самоуправа ја има да ги заштити водата, почвата, воздухот, да спречи нивно загадување, да спречи бучава, за градоначалникот таа надлежност не постои?! Неговото образложение беше дека МВР спречувале неовластено користење огномети. МВР исто така се надлежни за неовластено палење отпад и загрозување на животната средина со неовластено одлагање отпад, па тоа не ја намалува обврската и надлежноста на Градот да собира отпад и во својата одлука за комунален ред да уредува начини за негово прописно одлагање. Ако Градот забрани на својата територија кој било да користи огномети, петарди и останати експлозивни материи, тоа не одзема од надлежноста на МВР туку додава“, велат од „Зелен хуман град“.
Според нив, со ова скопјани добија сигнал дека здравјето на граѓаните, ранливите групи и животните е помалку важно од политички калкулации.
„Детонации на секои пет минути не се празнување. Детонации на секои пет минути се вознемирување, разболување и смртни последици за животните. Тоа го знае секое семејство со дете со аутизам, секој хронично болен човек, секој граѓанин што не може да спие, секој што си го бара правото на мир и достоинство“, се наведува во соопштението.
Македонија
СДС се опозиција во Србија или во Македонија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Навистина сме вчудоневидени , СДС живее во паралелен универзум, денес тоа и се потврдува, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција за прес – конференцијата на Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Генералниот секретар на СДС, денес на прес-конференција излезе и објаснуваше за тоа дека банка од Србија купила банка во Македонија. Повеќе од 10тина дена, СДС сака да продаде некаква приказна за српски свет во државата, но тешко им оди. Не ја научија лекцијата која им ја одржаа граѓаните, а на следните избори добро е ако имаат и 100.000 гласови. Прашањето кое го поставуваме е дали СДС е опозиција во Србија или во Македонија? И зошто се толку опседнати со наша соседна држава? Дали има нешто коешто Заев и Филипче го кријат од јавноста во Македонија за некаков бизнис во Србија па затоа се гласни? Дали преку нашиот северен сосед, Заев купувал акции во индиска авиокомпанија? Чиви банкарски интереси во Македонија штити? На лагите на СДС им се кратки нозете. „Бомбите” што ги промовираат, освен дим и чад, не ‘пукаат’“, пишува во реакцијата.

