Македонија
Македонија ќе и помага на Црна Гора на патот кон ЕУ

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Црна Гора, Никола Попоски и Милан Роќен денеска во Подгорица потпишаа Договор за соработка меѓу двете влади во однос на европската интеграција, јавува Вијести.
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Црна Гора, Никола Попоски и Милан Роќен денеска во Подгорица потпишаа Договор за соработка меѓу двете влади во однос на европската интеграција, јавува Вијести.Попоски по потпишувањето на договорот изрази очекување Советот на Европската Унија да го потврди датумот за старт на пристапните преговори со двете земји.„Сметаме дека препораките од извештаите за напредокот на Црна Гора и на Македонија добар водич за нашите идни активности, за подобра реализација, бидејќи ги опфаќаат сите сфери на општествениот живот. Црна Гора може да ги искористи искуствата на Македонија од претходниот период, бидејќи имаме заеднички стратешки цели што се поврзани со интеграцијата во НАТО и ЕУ. Тоа создава атмосфера за што подобра политичка соработка меѓу двете земји. Очекуваме помошта од Македонија да ја унапреди регионалната соработка. Очекувам дека во следниот период Македонија и Црна Гора ќе соработуваат и на решавање на економските проблеми, што се актуелни. Двете држави делат многу заеднички интереси и во тој правец можеме да напредуваме како регион од што корист ќе имаат и ЕУ и нашите земји“, изјави Попоски.„Договорот содржи се она што е политички, економски и стопански живот на една земја. Задоволен сум што Македонија е подготвена своето искуство да го сподели со Црна Гора“, истакна Роќен и додаде дека во извештаите се констатира дека односите меѓу Македонија и Црна Гора се одлични. „Досега потпишавме низа важни документи, а посебно Договорот за испорачување на свои државјани и она што е важно и за Црна Гора и за Македонија се почитува улогата и на едната и на другата земја во регионален контекст и нашиот придонес кон регионалната стабилност“, посочи Роќен. /крај/вијести/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес и утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Град Скопје известија дека викендов (26.07 и на 27.07.2025 година), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, дополнуваат надлежните.
Македонија
Денес пеколно топло со температури од 43 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени Целзиусови.
И во Скопје че биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.
Македонија
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.
Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел.
Во Музејот на град Скопје, вечер во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа”. Поставката ќе биде од траен карактер достапна за секој посетител во музејот. Градот како и секоја претходна година се сеќава на катастрофалниот земјотрес во 1963 година кој засекогаш го промени.
Скопскиот земјотрес во 1963 година е познат како една од најголемите трагедии кои се случиле во историјата на градот, но истовремено и шанса светот да ја покаже својата солидарност и да помогне во опоравувањето на заедницата.
Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.