Македонија
Оскаровецот Мориконе на отворањето на Охридско лето

Италијанскиот композитор Енио Мориконе в недела свечено ќе го отвори 49-то издание на Охридско лето во Античкиот театар
Италијанскиот композитор Енио Мориконе в недела свечено ќе го отвори 49-то издание на Охридско лето во Античкиот театар.
Манифестацијата традиционално ќе биде отворена на верскиот празник Петровден, кога Мориконе ќе го води концертот на унгарскиот оркестар Гјор, на кој ќе настапи и Хорот на Македонската опера и балет и сопранот Сузана Ригачи.
На програмата е музика од филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“, „Недопирливите“, „Беше еднаш во Америка“.
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, како што соопшти денска неговиот кабинет, го одликува Мориконе со медал за заслуги за Македонија, признание кое на прославениот уметник ќе му биде врачено попладнево.
„Мориконе се одликува поради исклучителните резултати во неговфот музичко творештво, како и за учеството на годинешниот фестивал, со што даде придонес за афирмација на Македонија во светот“, соопшти претседателскиот кабинет.
Освен Мориконе, кој е ѕвездата на фестивалот, во Охрид ќе настапат и други познати музички имиња, како Един Карамазов кој соработува со Стинг.
Покрај редовната, и годинава ќе има оф-програма со етно, џез и поп-концерти. Античкиот театар, Долни Сарај, црквата Света Софија и нејзиното предворје се стандардните локации на кои ќе се одржува Фестивалот.
Во театарскиот дел од програмата, на Охридско лето доаѓа претставата „Среќни денови“ на еден од најславните режисери на денешницата – Роберт Вилсон, а прв пат ќе гостува и театарот Ист Вест на познатиот Харис Пашовиќ.
Фестивалот и во своето 49-то издание, се очекува да го потврди високиот меѓународен углед на манифестација со највисоки уметнички дострели и со сите нему својствени карактеристики и специфичности што го прават посебен , препознатлив и единствен во овие наши простори./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.
Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека санува збор за решение кое се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.
Во текот на седницата прв за збор се јави Скендер Реџепи од движењето „Попули“, коалиција Европски фронт, кој оцени дека одлуката за поднесените измени е антиевропска и спротивна на Уставот и постоечките закони, додека Владата која е предлагач е моноетничка.
-Пред нас е Предлог-закон кој е во интерес на власта, а не и во интерес на граѓаните.
Претпладнево измените беа ставени на дневен ред на собраниската седница за да бидат донесени по скратена постапка. Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.
Македонија
Во првото полугодие од годинава бројот на туристи во Македонија е зголемен, вели Мицкоски

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Тој пишува дека во истиот период од 2025 година има за 8,5 отсто повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година.
-Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20 отсто годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија, пишува премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Утре попладне дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Како што информират од Управата за хидометеоролошки работи, во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје, во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР апелираат во случај на појава на електрични празнења гражаните да бидат повнимателни, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.