Свет
Рогозин: Русија нема да учествува во дискусиите на НАТО

НАТО нема да дозволи Москва да учествува во внатрешните дискусии за ситуацијата во Авганистан, изјави амбасадорот на Руската Федерација во НАТО
„Тие сакаат да земат се’ од нас без да се разјаснат политичките и воените аспекти од операцијата на НАТО во Авганистан“, изјави амбасадорот на Руската Федерација во НАТО, Дмитриј Рогозин, на состанокот на ниво на амбасадори, кој се одржа во пресрет на министерскиот состанок, закажан за петок, 4 ноември.
Според Рогозин, Русија бара НАТО „да ја промени својата непотребната заинтересираност околу нивните можности во конкретната и добро координирана соработка, кога партнерите делат заеднички цели и ги усогласуваат нивните улоги за постигнување на истите“.
Рогозин вели дека Русија предложила да се формира работна група која ќе дискутира со НАТО за развојот на ситуацијата во Авганистан, борбата против тероризмот и трговијата со дрога во земјата.
Тој потврдил дека Русија може да игра важна улога во поддршка на операцијата на НАТО во Авганистан, не само со тоа што ќе обебеди транзит на воениот контингент на НАТО до военото пордачје на Централна Азија, туку и со тренинг на авганистанската полиција, па дури и испорака на лесно оружје за нејзините потреби.
Рускиот пратеник во НАТО претходно ја обвини Канада, и некои други членки на Алијансата, за блокирање на подготовките за претстојната средба на Советот НАТО-Русија во Брисел, на кој главна точка ќе бидат разговорите за ситуацијата во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
На Карлос Сантана му се слоши пред настапот во Тексас, итно префрлен во болница

На легендарниот музичар Карлос Сантана му се слошило пред настап во Тексас и итно бил префрлен во болница поради дехидрација, јавува „Си-Ен-Ен“.
Мајкл Врионис, претседател на „Јуниверзал саунд Менаџмент“ и претставник на Сантана, ја информираше својата публика во изјава за магазинот „Пипл“ дека со длабоко разочарување мора да соопшти оти шоуто во Сан Антонио е одложено.
Тој изјавил дека Сантана бил во театарот „Маџестик“ и се подготвувал за настапот кога доживеал инцидент за кој подоцна било утврдено дека е дехидрација.
„Како мерка на претпазливост и за здравјето на Сантана, одлуката да се одложи настапот беше најразумниот потег“, истакна тој.
Врионис додаде дека на музичарот му оди добро и со нетрпение очекува наскоро да се врати во Сан Антонио и да ја продолжи турнејата во САД.
Свет
Папата не се избира како што е прикажано во филмот Конклава – кардинал раскажа што се случува зад затворените врати во Ватикан

Изборот на новиот папа не се случува како во филмот Конклава, изјави кардиналот од Келн, Рајнер Марија Воелки. Кардиналот ќе учествува во изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
Велки изјави за ДПА дека го гледал трилерот со Ралф Фајнс.
„Добро се забавував, но реалноста е сепак сосема поинаква“, вели.
Келнскиот кардинал е еден од 135-те кардинали кои го избираат наследникот на починатиот папа. Учествуваше и на конклавата во 2013 година, кога беше избран папата Франциско.
Како што рече, она што најпрецизно е прикажано во филмот е изолацијата на учесниците на конклавата во Систинската капела.
„Треба да се разликува самата конклава од таканаречената претходна конклава. Тогаш се собираме, разговараме, ги изнесуваме нашите ставови. Има кафе паузи, состаноци за вечера, се запознаваме. Се разбира, тогаш се искажуваат различни мислења. Тоа е она што му претходи на главниот настан. И кога самата конклава започнува, тоа е веќе еден вид прекин – што веќе јасно се гледа од фактот дека сите кардинали се преселуваат во Домот Санта Марта“.
„Таму мора да се предадат сите електронски уреди, сите мобилни телефони. Секој добива своја соба. Многу добро се сеќавам кога последен пат стигнав во мојата соба. Прозорците беа запечатени, ролетните затворени. Не можев да ја видам дневната светлина“.
Кардиналите јадат заедно, се молат на миса и секој ден одат од Санта Марта до Сикстинската капела.
„Станува збор за 500, 600 метри. Обезбедено е возило за старите лица и оние со потешкотии во движењето. Се’ се одвива во одлична атмосфера на молитва“, објаснува Велки.
„Нема големи емотивни испади, како што е прикажано во филмот. Во претходната конклава може да има нешто пожешко, нешто поконтроверзно, можам да го замислам тоа, и тоа е добро. Така ги спојуваме различните погледи на Црквата од целиот свет и заедно одиме кон одлука. Во самата конклава има поинакво расположение”.
Папата Франциско, додаде, и тука го покажал патот, бидејќи особено посветил внимание на синодалната заедница.
Така, тој воведе нов стил на однесување, каде најпрвин достоинствениците се слушаат меѓусебно и го слушаат Божјиот глас.
„И моите лични искуства потврдуваат дека Бог води од различноста кон единство. Наша задача е да се отвориме, за да препознаеме каде сака да нè води. Препознавањето на тоа е голем предизвик“, изјави.
Свет
Украински функционер: Ставот на Трамп за Крим е неочекуван

Од почетокот на војната, украинските власти ниту еден ден не навестија дека можеби ќе се согласат да го признаат Крим како руски, рече советникот на министерот за стратешки индустрии на Украина.
Во интервју за „Скај њуз“, Јуриј Сак изјави дека ставот на Доналд Трамп на социјалната мрежа „Тру соушал“, во кој тој го критикува Володимир Зеленски, бил неочекуван, но и дека бесмислено е воопшто да се разговара на овие теми додека Русија барем не се согласи на примирје.
На прашањето за можноста САД да се откажат од обидот за посредување во мирот, Сак рече дека тоа би било стратешки погрешно, но нагласи и дека Украина е подготвена за сите сценарија.
„Мораме да бидеме подготвени за секоја ситуација и мислам дека заедно со нашите европски партнери, на кои сме многу благодарни, без разлика на се, ќе успееме да дојдеме до посакуваната цел – мир“, рече Сак.
На прашањето дали верува дека наскоро е можен мировен договор, Сак рече дека нема воено решение за оваа војна.
„Мораме да бидеме трпеливи, мораме да ги почитуваме нашите партнери и да се слушаме“, додаде тој.