Македонија
Бесими на состанок на министрите за одбрана од Јадранската повелба
Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска учествуваше на Состанокот на министрите за одбрана од земјите членки на Јадранската повелба, информираат од Министерството за одбрана.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска учествуваше на Состанокот на министрите за одбрана од земјите членки на Јадранската повелба, информираат од Министерството за одбрана.
Министрите уште еднаш ја поздравија политиката на отворени врати на НАТО и охрабрени од новиот стратешки концепт, заснован на принцип на пристап на вклученост и учество од најголемиот до најмалиот сојузник, го промовираа зајакнувањето на односите помеѓу НАТО и земјите партнери.
На состанокот било разговарано за развој и одржување на регионалните капацитети врз основа на концептот на „smart defense“ (паметна одбрана), со цел здружување и споделување на одбранбените и безбедносни ресурси.
„Плодната и интензивна регионална соработка во А-5 формат претставува најдобар наш заеднички придонес кон визијата за целовита, слободна и мирна Европа. Прифаќањето и примената на новиот концепт на НАТО Smart Defence (паметна одбрана) ќе донесе нов квалитет во нашата регионална А-5 соработка. Јас сум убеден дека тоа е win-win приод за поуспешна модернизација на нашите вооружени сили и поголем заеднички придонес во меѓународни операции. Како министри за одбрана имаме обврска да создадеме политичка воља, доверба и ресурси да се развијат и остварат заеднички проекти за аквизиција на современа воена опрема“-рече министерот Бесими на денешната средба.
Министрите ја потврдиле заедничката декларација за трајно партнерство помеѓу НАТО и Авганистан и ја афирмирале намерата активно да учествуваат во системот за колективна безбедност и да помогнат во процесот на стабилизирање и чување на мирот во Авганистан, како и сеопфатен развој на таа земја.
Донесените заклучоци беа потврдени со потпишување на Заедничката изјава од страна на министрите за одбрана на земјите членки на САД-Јадранската Повелба.
Во изјавата е повторно потврдена поддршката на земјите членки на Повелбата за полноправно членство на Република Македонија во НАТО што е можно поскоро.
Дополнително на состанокот Министрите за одбрана го потпишаа и Писмото за пристап (Letter of Accession) на Босна и Херцеговина кон Меморандумот за разбирање кој се однесува на принципите за контрибуција во Школото за воена полиција во ИСАФ во Авганистан. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Македонија
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.
Македонија
Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен.
На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната развојна и експертска помош што Норвешка ја обезбедува во повеќе клучни области и изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Специјалниот претставник Матисен изрази задоволство од цврстото партнерство помеѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, нагласувајќи го фактот дека Република Северна Македонија е лидер во регионот од аспект на регионалната и светската безбедност. Тој ја истакна и силната поддршка што земјата ја дава за Украина како доказ за нејзината посветеност.
Во фокусот на разговорите беа и актуелни теми од регионот и пошироко. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и соработката.