Македонија
Македонија поддржува зајакнување на фокусот на ЕУ за човековите права
Република Македонија ја поддржува иницијативата на данското претседателство со Европската Унија за зајакнување на фокусот врз човековите права во надворешната политика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.
Република Македонија ја поддржува иницијативата на данското претседателство со Европската Унија за зајакнување на фокусот врз човековите права во надворешната политика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.
„Најавеното именување на специјален претставник на Европската унија за човекови права и подготовката на акциски план до крајот на Данското претседателство ќе го зајакне профилот на Европската унија како чинител во меѓународните односи, којшто во средиштето на своите активности во надворешната политика ги има клучните вредности како универзалното почитување на човековите права и основни слободи“, велат од МНР.
Иницијативата беше широко поддржана и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на 10 март.
„Република Македонија, како земја-кандидат за членство во ЕУ со висок степен на усогласеност на своите политики со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, ја поддржува иницијативата и притоа го подвлекува значењето на придонесот којшто земјите-кандидати можат да го дадат во насока на промовирање на демократските вредности и на почитувањето на човековите права и основни слободи во соседството на ЕУ и во глобални рамки“, соопштуваат од македонското МНР. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

