Свет
Јеменски сили ja нападнаа куќата на шеикот Хашид
Најмалку десет лица загинале во главниот град на Јемен, Сана, при нападот на владините сили врз резиденцијата на шеикот Хамид, брат роднина на лидерот на едно од највлијателните племиња Хашид а уште 35 лица се ранети, пренесува АФП повикувајќи се на претставници на племето.
Најмалку десет лица загинале во главниот град на Јемен, Сана, при нападот на владините сили врз резиденцијата на шеикот Хамид, брат роднина на лидерот на едно од највлијателните племиња Хашид а уште 35 лица се ранети, пренесува АФП повикувајќи се на претставници на племето. Шеикот Хамид е брат на водачот водач на племенската заедница Хашид, Садек ал-Ахмар чиишто борци веќе две седмици се во конфликт со силите на јеменскиот претседател Али Абдула Салех. „Десет лица загинаа а 35 се ранети за време на нападот на Републиканската гарда врз домот на шеикот Хамид“, изјавил изјави претставник на ова племе за АФП. Според него, резиденцијата којашто се наоѓа во јужниот дел од јеменската на Шеикот Хамид, влијателна во деловните кругови и лидер на исламистичката партија Ал Ислах,. Како и резиденцијата на неговиот брат биле нападнати од петокот. Покрај тоа, Републиканската гарда стрелала и врз резиденцијата на генералот Ало Мохсен ал-Ахмар, кој во меѓувреме премина на страната на јеменската опозиција. Претходно во петокот јеменската влада го обвини племето Хашид за гранатирањето на претседателската палата, при што според извештаите на медиумите, биле ранети претседател Али Абдула Салех и неколку високи официјални претставници, а биле убиени неколку телохранители. Племенската заедница Хашид предводена од шеикот Садек ал-Ахмар, во март премина на страната на опозицијата, а од 23-ти мај во главниот град Сана започнаа вооружени судири на племенските опозициски групи со силите лојални на претседателот Салех. Анти-владините демонстрации со барање претседателот Салех да си замине од власт по повеќе од 30 години, започнаа во Јемен од почетокот на февруари. Според западните медиуми, во текот на немирите во земјата, загинале неколку стотици луѓе./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

