Македонија
ВМРО-ДПМНЕ : Мора да се донесе Деловник со консензус
ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ за Деловникот, а единствено логично образложение зошто СДСМ се повлекува од измените е затоа што знае дека Деловникот е еден од условите за Македонија да добие позитивен извештај од ЕК.
ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ за Деловникот, а единствено логично образложение зошто СДСМ се повлекува од измените е затоа што знае дека Деловникот е еден од условите за Македонија да добие позитивен извештај од ЕК, а рокот завршува утре, изјави Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, откако СДСМ најавија дека нема да учествуваат на координациите и комисиските расправи. Николовски рече дека процесот за Деловникот се води подолг временски период и основното начело кое што било поставено е усвојување на измените со консензус помеѓу власта и опозицијата . „Усвојувањето на измените со консензус е она што се обидуваме да го изградиме во истиот период. Со последните усогласувања ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите 24 барања на СДСМ меѓу кои и барањето за задолжителна точка на дневен ред иако не е дел од препораките на Венецијанската комисија“, рече Николовски. Тој рече дека во петок парламентарното мнозинство очекувало дека ќе бидат изгласани измените на Деловникот. „Денес и јас лично и парламентарното мнозинство очекуваше дека заеднички ќе ја изгласаме потребата за изменување на Деловникот, дека во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетна прашања ќе ги изгласаме измените и дека на пленарна седница во најбрз можен рок ќе бидат усвоени измените. За жал последниот развој на настаните покажува дека опозицијата нема расположение за таа работа иако измените на Деловникот се целосно во корист на опозицијата“, рече Николовски. Според него смислата на усвојување на измените на Деловникот е доколку тие бидат донесени со консензус затоа што измените одат во корист на опозицијата. Николовски ја повика опозицијата да присуствува на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетни прашања закажана за попладнево. Доколку Собраните не биде оценето позитивно од страна на Брисел, тој рече дека тоа ќе биде по вина на опозицијата. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

