Македонија
Како се одвивала акцијата „Диригент“
Во полициската акција „Диригент“ запленети се 14 луксузни автомобили, повеќе од 50.000 евра, утврдени трансфери од 265.000 евра кои се пронајдени кај триесетината осомничени за кои се смета дека се дел од „Франкфуртска мафија“ која продавала хероин во Австрија и Германија
Во целокупната акција која се одвиваше во четири града Скопје, Гевгелија, Велес и Свети Николе учествувале 377 полицајци, а дополнително се запленети голем број на документи, компјутери кои ќе бидат анализирани.Пронајдени се 50 илјади евра, 157 илјадиденари и околу 260 илјади евра трансферирани преку Western Union и Money Grant, 2 килограми марихуана, пиштол, 14 автомобили и два мотора.Карактеристично за групата која работела во Виена и Германија е тоа што се разликувале од албанските и црногорските групи бидејќи биле таинствени, не паѓале во очите на полицијата, и покрај парите што ги заработувале, истите не ги трошеле во казина и барови.„Трите полиции пресекоа меѓународен канал за шверц на хероин кој со години не бил достапен“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прес-конференцијата. Приведени се вкупно 33 лица, по двајца се уште се трага а десет од нив биле уапсени во Виена и Франкфурт. Меѓу уапсените се и организаторите Зоран Манасков Скршениот, Спасе Димовски Ајдук и неговито син Томе Димовски. Тие организирале се, регрутирале, координирале, плаќале – и во Македонија и во Франкфурт и Виена. Големата група Македонци кои пренесувале, пакувале и продавале дрога биле под нивна целосна контрола. За две години колку што работеле како група, заработиле околу милион евра од продажба на хероин.„Организаторите ги испраќале младите луѓе во Виена со добро објаснети задачи, ги прифаќа друга група која ги сместува во одредени станови и покрај заработувачката се различни од албанските и црногорските групи затоа што не одат по казина, не се пијанчат по барови ,не паѓаат во очи на полицијата премногу се таинствени и не е забележана измама или нелојалност кон извршување на наредбите“, вели Љупчо Тодоровски, директорот за јавна безбедност.Тој додава дека не се работи за страв туку за таинственост, млади луѓе кои добиваат задачи само за еден процес, односно кога ќе пристигнат во станот го делат хероинот по грамови, го оставаат на адресата каде што му е речено, потоа доаѓа друг кој го зема и го носи на дилерите.„Поднесени се 10 кривични пријави од кој осум се приведени во Австрија и Германија, а по две лица уште се трага. Се работи за македонски државјани на возраст од 18 до 53 години кои организирале меѓународен канал за криумчарење на хероин на улиците во Франкфурт и Виена“, рече Јанкулоска, министер за внатрешни работи.Штефан Турнер од полициското аташе на амбасадата Австрија рече дека австриските полицајци уапсиле 69 македонски државјани за кои се одредени и повеќе годишни казни затвор и додаде дека македонските полицајци достигнале едно такво ниво кое што Австрија уште го нема постигнато со некои свои европски партнери.Приведените се на распит пред истражен судија. Одговараат за перење пари и недозволена трговија со наркотици. Во Виена се подготвува заедничка прес конференција на Директорите на Бироата за Јавна Безбедност на Македонија, Австрија и Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

