Македонија
Европската перспектива тема на средбата Груевски – Гордон
Премиерот Никола Груевски, синоќа во Загреб оствари средба со помошникот на државниот секретар на САД, г-дин Филип Гордон.
Премиерот Никола Груевски, синоќа во Загреб оствари средба со помошникот на државниот секретар на САД, г-дин Филип Гордон.На средбата се разговараше за европската перспектива на Република Македонија и регионот, како и за стратешкото партнерство на државава и САД, што е од исклучително значење за развојот на взаемните односи и за самиот развој на Република Македонија. Груевски го информираше Гордон за реформите и модернизацијата кои Владата на Република Македонија ги спроведува во насока на достигнување на европските и евро-атлантските стандарди. Воедно, премиерот Груевски ја искажа и фокусираноста за доследно спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и посветеноста за изнаоѓање на решение за прашањето за името. На средбата стана збор и за економската состојба во Република Македонија и регионот, односно за предизвиците и перспективите на идниот економски развој.Груевски и Гордон ги осудија сите пројавни облици на екстремистички структури и заклучија дека политичкиот процес треба да се заснова на демократски принципи, институционален и политички дијалог, како и доследно спроведување на владеењето на правото./крај/со/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

