Економија
МБИ10 оствари пад од 1,07%
Клучниот индекс на македонската берза за хартии од вредност во средата оствари пад од 1,07%, а вредноста се спушти на ниво од 3.701,70 индексни поени .
Клучниот индекс на македонската берза за хартии од вредност во средата оствари пад од 1,07%, а вредноста се спушти на ниво од 3.701,70 индексни поени .
МБИД оствари незначителен пораст од 0,08%, а затвори на ниво од 3.940,88 индексни поени. ОМБ опадна за 0,15%, при остварена вредност од 107,14 индексни поени.
Вкупниот промет на изнесуваше 30.343.267,92 денари. Официјалниот пазар оствари промет од 26.121.240,92 денари кои се реализираа преку 227 трансакции. На редовниот пазар прометот изнесуваше 4.222.027,00 денари при реализирани 58 трансакции
Од акциите кои котираат на официјалниот пазар, најтрувана со промет од 6.655.763,00 денари беше Комерцијална Банка Скопје. Просечната цена од 3.679,25 денари значеше дневно намалување од 2,64%. Истргувани беа 1.809 акции кои се реализираа преку 26 трансакции.Алкалоид Скопје како втора по ликвидност од официјалниот пазар оствари промет од 6.529.265,00 денари. Просечната цена изнесуваше 3.679,25 денари, а дневниот пад беше 1,97%. Истргувани беа 1.092 акции преку 42 трансакции.Со акцијата на Макстил Скопје се оствари промет од 2.458.167,00 денари. Просечната цена од 368,60 денари значеше пораст од 2,72%. Истргувана беше количина од 6.669 акции кои беа реализирани преку 27 трансакции.На редовниот пазар најмногу се тргуваше со Прилепска Пиварница Прилеп, а прометот остварен со оваа акција изнесуваше 1.155.000,00 денари. Просечната цена од 15.000,00 денари беше без промена. Истргувани беа 77 акции преку 6 трансакции.Тутунска Банка Скопје оствари промет од 1.002.740,00 денари. Просечната цена од 5.449,67 денари значеше дневен пад од 0,83%. Истргувани беа 184 акции преку 8 трансакции.Комерцијална Банка изврши конверзија на 77 приоритетни акции со вкупна номинална вредност од 77.000,00 денари во 77 обични акции со вкупна номинална вредност од 77.000,00 денари. Бројот на акции издадени од Комерцијална Банка Скопје се менува и изнесува: 16.025 приоритетни акции во вкупна вредност од 16.025.000,00 денари и 1.998.042 обични акции во вкупна номинална вредност од 1.998.042.000,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Комерцијална Банка Скопје2. Алкалоид Скопје3. Макстил Скопје4. Гранит Скопје 5. Макпетрол Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Фершпед Скопје 6,66%2. Жито Лукс Скопје 5,07%3. РЖ Уготур Скопје 4,99%4. РЖ Услуги Скопје 3,99%5. Макстил Скопје 2,72% Хартии од вредност со најголем пад1. Скопски Пазар Скопје 6,43%2. Тетекс Тетово 3,52%3. ЗК Пелагонија Битола 3,42%4. Стопанска Банка Скопје 2,99%5. Комерцијална Банка Скопје 2,64%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

