Свет
Британка ќе роди внук на Осама Бин Ладен
Британката Луиз Полард пред медиумите соопшти дека носи дете на Омар бин Ладен кој е четвртиот син на најозлогласениот терорист на светот, Осама бин Ладен, пишува британскиот весник „The sun“.
Британката Луиз Полард пред медиумите соопшти дека носи дете на Омар бин Ладен кој е четвртиот син на најозлогласениот терорист на светот, Осама бин Ладен, пишува британскиот весник „The sun“.
Наводно дваесет и деветгодишната британка -сериска сурогат мајка, Омар ја најмил по пат на интернет.
Семејството на Полард е згрозено поради нејзината одлука за 30.000 фунти да му роди дете на Бин Ладен, се вели во весникот.
Полард се бранела дека Омар и велел дека без разлика на осудата од околината таа не смее да заборави дека тој не е како татко му и дека Осама бил суров спрема него.
Луиз Полард е самохрана мајка на тригодишно момче и досега родила две деца за една британска двојка./крај/дс/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.