Свет
Можни се катастрофални климатски промени – Европа ќе се смрзнува и ќе гладува
Можни се катастрофални промени на времето до 2020 година, што ќе доведат до воведување на вонредни мерки, вклучувајќи и воени, се вели во заклучокот на извештајот „Прогноза на времето:2010-2020“, подготвен од професионални футуролози, а на барање на Министерството за одбрана на САД.
Експертите тврдат дека глобалните климатски промени се способни во целост да го дестабилизираат политичкиот поредок на планетата.
Можна е појава на глад во Европа, како и ривалство меѓу атомските држави заради ресурсите на вода.
Во своите прогнози авторите Питер Шварц и Даглас Рандал тргнуваат од можноста дека заради природните промени океаните ќе почнат да живеат според други закони.
Европа, Азија и Северна Америка ќе почнат да се смрзнуваат, а во јужната хемисфера ќе биде уште потопло.
Научниците велат дека Земјата веќе ги доживува овие промени.
Овие навестувања во САД веќе се обистинуваат – во централниот и источниот дел најмалку 42 луѓе умреле од големите горештини.
Во некои области температурата надминуваше 40 Целзиусови степени. ВО Сент Луис, во државата Мисури, температурата се искачи до 46 степен. Само во Чикаго умреле 10 лица, во Мериленд и Вирџинија 20, а има жртви и во другите области.
Меѓу мртвите има многу стари лица, чии куќи немале клима уреди. Во Индијана умре четиригодишно девојче, кое родителите го заборавиле во автомобил.
Бројот на временските непогоди, како што се обилни врнежи и топлотни бранови, ќе бидат честа појава во иднина, изјави рускиот експерт Алексеј Кокорин.
„Причина за тоа е човечкото влијание врз климата, по што доаѓа до климатски промени. Експертите проценуваат дека во следните 20 години за четири пари ќе се зголеми зачестеноста од опасни метеоролошки појави“, наведува Кокорин.
Во овој момент, бројот на такви настани, во споредба со 1960 година, се зголемил за неколку пати. /крај/кл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

