Македонија
Иванов: Македонија се гордее со својот модел на демократија
„Македонија се гордее со својот единствен инклузивен модел на демократија кој подразбира интеграција без асимилација,“ порача денеска претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов во обраќањето на Меѓурелигиската конференција во Охрид
Тој потсети дека мултиетничкиот и мултиконфесионалниот соживот, кој е реалност во Македонија е граден со векови.„Со организирањето на оваа конференција, која прераснува во добра традиција, Македонија ја потврдува својата посветеност кон градењето на глобалната платформа за мир и дијалог меѓу религиите,“ рече Иванов и додаде дека мирот е темелот на благосостојбата на човековото постоење.Во текот на денешниот ден на конференцијата свое обраќање имаше и Вилма Трајковска, сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски, која потсети дека прифаќањето на различностите е патот кон мирот.„Мојата порака е секогаш да се држиме до принципите на божјата љубов која ќе ни помогне да се прифатиме еден со друг, да го прифатиме правото да бидеме различни, обезбедувајќи цврста основа врз која ќе се гради отворен дијалог, искрена комуникација и меѓусебна доверба,“ порача Трајковска.Бутрос Бутрос Гали, претседателот на Националниот совет за човекови права, иако најавен, од оправдани причини не присуствуваше на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.На Конференцијата се присутни претставници и духовни лидери од Руската православна црква, Албанската православна црква, Зворничко-тузланската епархија од Република Српска, Сиријската Православна Теолошка Школа, Антиохиската Сиријска Православна Црква, Римокатоличката црква, претставници од Ватикан (Светата Столица), Евангелистичко- Методистичката Црква, Еврејската заедница, претставници од Исламските заедници од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Кина, Ваишнавската заедница и други религиски групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

