Контакт

Свет

Најмалку 14 загинати во две експлозии во Багдад

Објавено пред

Во експлозии на два автомобила бомби во понеделникот во ирачката престолнина Багдад, загинаа најмалку 14 лица а десетина се ранети, јавуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Во експлозии на два автомобила бомби во понеделникот во ирачката престолнина Багдад, загинаа најмалку 14 лица а десетина се ранети, јавуваат агенциите.Според безбедносен извор на Associated Press, цел на нападите биле шиитски аџии.Милиони шиитски муслимани од целиот свет одржуваат траорни ритуали во чест на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, и многу нему лојални следбеници кои биле убиени во битката за светиот град Карбала во Ирак, пред 1.300 години.Имамот Хусеин и неговиот брат Абаз и нивните 70 приврзаници се убиени во декември 680 година во Карбала, во битка со војниците на Омајадскиот калиф Јазид. Жените и сестрите на убиените од војниците на Јазид ги земале со нив во Дамаск. Таму, на калифот заедно со нив му била донесена и главата на Хусеин. На 40-от ден по смртта на имамот Хусеин, неговата сестра Зејинаб се вратила во Карбала од Дамаск, носејќи ја со себе главата на нејзиниот брат која ја закопала во неговиот гроб.Како и пред 13 века во периодот од 20-ти до 25-ти јануари секоја година, мнозинството шиити за кои смртта на Хусеин е симбол на мачеништвото за верата, се борат против неправдата, тиранијата и угнетувањето, на истиот начин својата почит како и Зејинаб ја искажуваат одејќи пеш до Карбала.На почетокот од декември шиитски муслимански верници почнуваат со славењето на празникот Ашура, годишнината од смртта на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Во муслиманската традиција, на денот на Ашура верниците се потсетуваат на најзначајните настани од религиозна историја на муслиманите: создавањето на небесата, земјата и морето, раѓањето на Адем (Адам); излегувањето на пророкот Нух (Ное) од ковчегот; одлуката на пророкот Ибрахим (Авраам) да го жртвува својот син Исмаил (во библиска традиција – Исак), ставање крај на страдањето на пророкот Ајуб (Јов); спасението на Муса (Мојсеј). На овој ден, шиите организираат процесии во кои учесниците се удираат со тупаници во градите како и нанесувајќи си повреди со удари со синџири и со остри предмети.Самоказнувањето е персонификација на посветување на верните, еден вид барање искупување за вината за неуспехот да се заштити од смртта имамот Хусеин.Празнувањето на празникот Ашура и одбележувањето на 40-те дена од смртта на имамот Хусеин, последните неколку години ги одбележаа крвави терористички напади. Така, во Ирак во овој период речиси како по традиција се извршуваат напади од сунитите против шиитите.Односите меѓу сунитското мнозинство и шиитите во Ирак станаа позатегнати по соборувањето на режимот на Садам Хусеин во 2003 година. За време на владеењето на  Хусеин синитите ги заземаа доминантните позиции во власта во Ирак. Сепак, по 2003 година, тие беа потиснати од шиитите, откако тие дојдоа до голем број важни функции во државата, меѓу кои најважни премиерското место. Според пописот 1997 година, 66 отсто од населението на Ирак се сунитски муслимани, а 34 проценти се шиити. Премиерот Нури ал-Малики и’ припаѓа на , шиитската заедница, додека неговиот Мултаг и потпретседател Ал-Хашими го исповедаат сунитскиот ислам.Влошените односи меѓу сунитите и шиитите резултираат со редовни крвави напади на двете страни. Според политички аналитичари, натамошен пораст на ескалацијата на непријателствата меѓу сунитските и шиитските заедници, која се совпадна со повлекувањето на американските војници од Ирак може да доведе до хаос, до граѓанската војна и во крајна линија до поделба на земјата со етноконфесионален предзнак./крај/рн/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“

Објавено пред

Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.

Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.

Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Свет

Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.

dobivaj vesti na viber

Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.

Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.

Прикажи повеќе...

Свет

Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд

Објавено пред

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.

dobivaj vesti na viber

Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.

И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет13 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија14 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија15 часа

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ16 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија17 часа

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија20 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет20 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет21 час

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија2 дена

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија2 дена

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ2 дена

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија2 дена

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет2 дена

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет2 дена

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија3 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...