Македонија
ИВЗ бара помош од власта, партиите и амбасадите за справување со вехабистите
Исламската верска заедница (ИВЗ) во неделата ги повика Владата и партиите на Албанците, државните институции и сите странски дипломати во Република Македонија да и помогнат да се справи со радикалните верски групи чија основан цел е да го разрушат имиџот на исламот.
Исламската верска заедница (ИВЗ) во неделата ги повика Владата и партиите на Албанците, државните институции и сите странски дипломати во Република Македонија да и помогнат да се справи со радикалните верски групи чија основан цел е да го разрушат имиџот на исламот.
Според Сулејман Реџепи поглаварот на ИВЗ, целта на овие радикални групи е и да го нарушат имиџот на државата и на народот, како и да ја спречат неговата интеграција во Европската Унија и во НАТО.
„Денеска имав средба со сите верски службеници кои беа испратени во европските држави и во САД, и тие ми ја известија за активностите во тамошните исламски центри. Меѓу другото, ме известија дека верниците кои живеат надвор од нашата земја се загрижени за против-законското и неконтролирано делување на радикалните вахабистички индивидуи, па поради тоа ги повикуваат Владата, партиите на Албанците во Република Македонија, странските дипломати а посебно амбасадите на САД и на ЕУ да ја поддржат ИВЗ и да преземат потреби мерки против овие радикални структури“, рече Реџепи./ крај/форум/макфакс/ ез
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

