Свет
Најмалку 30 загинати во лизгањето на земјиште во Рио
Во лизгањето на земјиштето предизвикано од поројните врнежи дожд од средата, вo државта Рио де Жанеиро досега има најмалку 30 загинaти а 35 се водат за исчезнати
Покрaj 18-те жртви од четвртокот на југот од оваа бразилска држава, во петокот на мал луксузен хотел на туристичкито остров Илха Гранде се урнал цел рид оd кал, при што загинaле најмалку 10 гости а 35 се водат за исчезнати. „Глетката беше застрашувачка, многу кал, камени блокови и стебла кои го прекрија хотелот и блиските куќи“, изјавил за радиото CBN заменикот гивернер на државата Рио де Жанеиро, Луиз Фернандо Пезао.Дел од хотелот „Санкиа“ во кој имало четириесетина туристи на кои државјанствата се’ уште им се проверуваат, целосно бил затрупан со кал, како и неколкуте куќи во неговата близина.На спасување на жртвите од лизгањето на земјиштето во оваа област се ангажирани стотина пожарникари и спасувачи од службата за цивилна заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

