Македонија
Ивановски: Време е администрацијата да сфати дека се финансира од граѓаните
Министерството за информатичко општество денеска ги започна обуките за шалтерските вработени кои што се во рамките на проект од Европската комисија.
Министерството за информатичко општество денеска ги започна обуките за шалтерските вработени кои што се во рамките на проект од Европската комисија.„Шалтерските вработени кои што се лицето на институциите, лицето на Владата е потребно да ги обучиме пред се во однос на контактот со граѓаните. Токму затоа во овој проект финансиран од Европската комисија денеска во Клубот на пратениците започнуваме со првите обуки на шалтерски работници. Поделени се во два дела, првиот дел ќе биде од 15 јуни до 15 јули, па после ќе биде на почетокот на септември, по завршувањето на летните одмори“ изјави министерот за информатично општество и јавна администрација, Иво Ивановски.Во овој прв дел на обуки ќе бидат обучени 210 вработени, вработени од институции и од централна власт и од локална власт, Фонд за здравство, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Царинска управа, Министерство за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и голем број од општините.Со овие обуки од министерството очекуваат задоволството кај граѓаните од администрацијата драстично да порасне.„Токму затоа го правиме првиот чекор да се обучат овие лица со цел и граѓаните подобро да се запознаат со нивните одговорности со работата на овие административци затоа што не е толку едноставно она што тие секојдневно го работат. И покрај тоа што тие се лицето на институцијата, во позадина има еден цел сиситем кој што треба ефикасно да функционира за да можат тие ефикасно да ја извршат својата задача. Реформата на администрацијата продолжува да биде приоритет на владата на Македонија“ рече Ивановски.Веќе во изминатиов период се обучени над 500 вработени во централната и локална власт, а со обуките до крајот на оваа година ќе бидат обучени и уште повеќе вработени во администрацијата со цел да можат тие нивното знаење да го пресликаат кај своите вработени во институцијата, најавува Министерот.„Љубезноста, начинот на комуникација, начинот на ефикасно работење и начин на одговорно работење е токму целта на овие обуки. Време е администрацијата да сфати дека е финансирана од даноците на граѓаните. Доколку има некои проблеми во самата институција тие треба тоа јасно да ги пресликаат пред граѓанинот за да не биде дека институцијата не е ефикасна поради неефикасност и нељубезност во извршувањето на своите задачи на шалтерскиот вработен“ рече Ивановски.Со воведувањето на уредот за оценување, граѓаните ќе можат директно да влијаат врз кариерата на вработените.„Ќе го оценуваат токму тој што работи на шалтер, ќе му се даде можност на раководителот на тоа одделение да ја следи работата на варботениот. Со тоа ќе може да се донесуваат конкретни, објкетивни одлуки, кој треба да биде унапреден, кој треба да биде уназаден, кој да биде награден“ додаде Ивановски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје поради празникот Водици.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Гаши со честитка за празникот Водици
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод празникот Водици.
„Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а во нивните домови да владеат здравјето, благосостојбата и спокојот“, пишува во честитката.
Македонија
Облачно и студено време, од утре внрежи од снег
Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.

