Контакт

Вести

Руската влада воведе економски санкции за Турција

Објавено пред

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, потпиша декрет со којшто се забранува увоз на храна од Турција, како и чартер летови меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

Овие мерки се одговор на соборувањето на рускиот авион од страна на Турција пред една недела. Руската влада ќе ги контролира и редовните летови меѓу двете земји.„Забраната за чартер летови важи за сите, освен за специјалните летови со кои туристите кои се сé уште во Турција треба да се вратат во Русија. Исто така, ќе бидат преземени и дополнителни мерки за безбедноста во авиосообраќајот на редовните летови за Турција“, пренесува RTј.На работодавачите им се забранува да вработуваат работници од турска националност, освен ако веќе не се вработени.Декретот е објавен на официјалната страница на руската влада и содржи производи кои Русија од 1-ви јануари 2016 година веќе нема да ги увезува од Турција, а меѓу кои се овошје и зеленчук, како доматот, кромидот, грозјето и јаболката, како и производи од пилешко месо. Од 1-ви јануари, исто така, ќе биде забранет увозот на каранфили од Турција.

На листата на санкционирани производи се наоѓаат и лимонот, оревите, кои Русија ги увезува од ТурцијаГасоводот Турски тек и нуклеарната централа Акуј не се на листата санкции од официјална Москва против Анкара и во декретот нема никакви информации кои се однесуваат на мерки во енергетскиот сектор. Русија е трет трговски партнер на Турција, покажуваат анализите за вториот квартал од оваа година. За Турција посебно се важни руските туристи чии посети изнесуваат 10 отсто од сите посети во таа земја. За првите девет месеци од оваа година Турција ја посетиле 3,3 милиони руски туристи Според анализите на Федерацијата на сопственици на хотели во Турција, оваа земја би можела да изгуби 4,5 милијарди долари оваа година само од посетата на руските туристи, додека вкупната загуба би можел да биде околу 20 милијарди долари./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата. Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите...

Македонија14 часа

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна...

Македонија14 часа

Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема...

Македонија14 часа

Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити која нема да ја поддржиме

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет...

Македонија15 часа

Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто...

Македонија17 часа

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко...

Свет18 часа

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....

Македонија20 часа

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што...

Свет1 ден

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија1 ден

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија1 ден

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет1 ден

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет1 ден

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ1 ден

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет2 дена

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет2 дена

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија2 дена

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија2 дена

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија2 дена

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија2 дена

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...