Македонија
Османи: Јавното здравство нема да пропадне
Јавното здравство сеуште е единствениот расадник и единствено место каде што се продуцира кадарот, а флукутацијата на здравствените работници е само процес што ја поттикнува и зголемува конкуренцијата.
Јавното здравство сеуште е единствениот расадник и единствено место каде што се продуцира кадарот, а флукутацијата на здравствените работници е само процес што ја поттикнува и зголемува конкуренцијата.
Ова го изјави македонскиот министер за здравство Бујар Османи во неделното интервју за Радио слободна Европа.
„Во последно време постојано се зборува за некои апокалиптични сценарија дека сите стручњаци одат во приватното здравство и оти со тоа јавното здравство ќе пропадне, што не е точно“, изјави Османи.
Тој вели дека флуктуацијата на здравствениот кадар е двонасочен процес што никој не го потенцира, односно дека има можеби голем дел на здравствени работници од приватниот сектор што постојано поднесуваат барања да се вратат во јавниот сектор.
„Таа флуктуација ќе ја има се додека имате два сектора и ние тоа го поттикнуваме бидејќи на тој начин се создаваат искуства, идеи и се зголемува конкурентноста“, рече Османи.
На прашањето зошто граѓаните би имале доверба во јавното здравство кога преставниците на политичката елита ги користат услугите на приватното здравство или одат надвор од земјава, министерот Османи вели дека тоа е индивидуално прашање.
„Јас секогаш ги користам услугите на јавното здравство, можеби затоа што цел живот сум дел од јавното здравство и ги знам квалитетите во него и никогаш не сум имал дилема“, изјави Османи.
Според него, самиот факт дека 95 отсто од услугите што се добиваат во државата, се добиваат во јавното здравство, укажува дека граѓаните сепак имаат доверба во ситемот. /крај/рсе/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

